Отфрлена идејата на СДСМ да се отстапи реконструкцијата на Универзална сала на Владата

За идејата гласаа 15 советници, 4 беа воздржани, а 6 против, иако во салата беа присутни 38 советници

-

Советот на град Скопје денеска ја отфрли иницијативата на советничката група на СДСМ за Градот Скопје да го отстапи проектот за реконструкција на Универзалната сала на Владата на РСМ. Оваа точка на дневниот ред не беше изгласана, бидејќи мнозинството советници, иако беа присутни во салата – вкупно 38 на број, одлучија да не гласаат за оваа точка. За идејата гласаа 15 советници, 4 беа воздржани, а 6 против, со што одлуката од Советот на град Скопје не беше донесена.

Од СДСМ велат дека локалната власт во Град Скопје е неспособна и дека за една и пол година нема реализирано ниту еден проект.

„Проектот за реконструкција на Универзална сала е закочен целосно. Без разлика дали станува збор за лични хирови на Арсовска или на шпицниот градоначалник Мицкоски. Реконструкцијата на еден од најважните објекти за Скопје е стопирана, а Универзална сала е во речиси руинирана состојба“, велат од СДСМ.

Тие додаваат дека проектот за реконструкција на Универзалната сала финансиски е поддржан од Владата со 120 милиони денари. Од нив, искористени се 40 милиони што значи дека остануваат уште 80 милиони денари, доволни за реконструкцијата да се заврши.

„Бидејќи Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ немаат намера да го довршат овој проект, ние како советничка група поднесовме иницијатива за времено отстапување на правото на користење од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија“, велат од СДСМ.

Од СДСМ побараа да не се дозволи овој објект да пропаѓа, туку да му се врати некогашниот сјај и повторно да биде еден од најважните културни објекти во државата.

Сепак, за време на расправата во Советот на град Скопје, советниците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и ГРОМ во своите обраќања не ја поддржаа ваквата одлука.

Страшо Ангеловски советник од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека реновирањето на објектот на Универзална сала нема ништо заедничко со проектот за Скопје да постане Европска престолнина на културата.

Тој рече дека е задоволен што Министерството за култура пројавува интерес да помогне во еден проект на Градот Скопје, смета дека реконструкцијата на Универзална сала е од исклучителна важност, но и посочи дека нејзиното реновирање  е дел од програмата на градоначалничката Данела Арсовска.

„Меѓутоа, во програмата пишува дека Градот Скопје ќе ја реновира Универзална сала, а никаде во програмата не пишува дека Градот Скопје ќе се откаже од реновирањето и дека тоа ќе го дозволи на Министерството за култура“, изјави советникот Страшо Ангеловски.

Против идејата за префрлање на обврската за реконструкција на Универзалната сала се изјасни и Амар Мециновиќ од Левица.

Реконструкцијата на Универзалната сала, која како проект започна да се реализира од претходниот градоначалник Петре Шилегов, веќе со месеци наназад е оставена како проект без никакви активности на терен. Некогашните прозорци и врати од објектот се отстранети, новата конструкција е веќе поставена, но реконструкцијата беше запрена во фазата која може да доведе до уништување на внатрешните простории на објектот – симбол на меѓународната солидарност по скопскиот земјотрес.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...