fbpx
Таг: Левица

таг: Левица

Левица му го замрзна членството на Бранимир Јовановиќ во партијата

Президиумот на политичката партија Левица, на седница одржана во петокот, оваа недела, донел одлука да му го замрзне членството во партијата на Бранимир Јовановиќ, актуелен советник на министерот за финансии Драган Тевдовски, соопшти денеска партијата. Јовановиќ минатата година поднесе неотповиклива оставка од сите партиски функции во Левица (координатор на програмски сектор економија и член на Централниот комитет на партијата), и...

Пред Собранието протести против НАТО и бандера кутната од ветрот

Припадниците на Левица и поранешната пратеничка Солза Грчева одржаа протест пред Собранието на Република Македонија пред пристигнувањето на Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенбер, кој треба да се обрати пред пратениците. Покрај демонстрантите, кои извикуваат анти-НАТО пароли, се наоѓа падната бандера, која била кутната од ветрот.

Савески: Ќе има ли еден аршин за Богоевски, друг аршин за обвинетите од Левицa

Познатиот активист д-р Здравко Савески ја поздрави одлуката на Обвинителството да не го гони Павле Богоевски, но порача дека треба да се има еднаков пристап и кон членовите на Левица, кои се исто така обвинети поради активностите во Шарената револуција. Во пост на неговиот Фејсбук-профил рече дека ако членовите на Левица, чиј основач е тој, не бидат еднакво третирани...

Управниот суд одби 16 тужби против одлуките на ДИК

Судечкиот совет на Управниот суд ги разгледал и донел одлуки за сите 28 тужби што политичките партии ги поднеле против решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за првиот круг од локалните избори, одржани на 15 октомври. На интернет-страницата на судот се објавени одлуките за 16 тужби кои, како што се наведува, се одбиени како неосновани. Четиринаесет од објавените одлуки се...

Поднесени 27 жалби до Управниот суд за одбиените приговори од ДИК

Вкупно 27 жалби се поднесени до Управниот суд од партиите ноќеска против решенијата на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори, што се одржа на 15 октомври, соопшти судот. Инаку, рокот за за поднесување жалби за одбиените приговори од ДИК истекува денеска во 11 часот. Најмногу тужби поднела ВМРО-ДПМНЕ, вкупно 24, две жалби се од ТМРО...

ВМРО-ДПМНЕ со 43 приговори до ДИК, Левица, Алијанса за Албаниците и ТМРО по еден

До Државната изборна комисија пристигнале вкупно 46 приговори за постапката за гласање, сумирање и за утврдување на резултатите од локалните избори, кои се одржаа во неделата, на 15 октомври. Најмногу приговори - 43 поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, а по еден приговор поднеле ТМРО, Алијансата за Албанците и Левица. Рокот за поднесување приговори за постапката за гласање истече вчера во 19 часот, а...

ВМРО-ДПМНЕ засега има најскапа, а Левица најскромна изборна кампања

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ потрошила најмногу пари во првите 10 дена од кампањата за локалните избори, покажа финансискиот извештај на Државната изборна комисија. Поранешната владејачка партија од членарина собрала околу 488.000 евра, додека од 207 донатори добила околу 47.000 евра. На листата на донатори се и кандидатите за градоначалници Иван Франгов. Коце Трајановски, Јохан Тарчуловски и Владо Мисајловски, кои донирале по 1.000...

МВР: Дисциплинска постапка за полицајците што ги приведоа членовите на Левица

Одделот за внатрешна контрола на МВР утврдил дека четворица полициски службеници неосновано употребиле физичка сила врз членови на Левица, кои во саботата протестираа на плоштадот во Скопје додека се одржуваше презентација на воената опрема на САД и на АРМ. - Утврдено е дека од страна на четворица полициски службеници врз четири лица неосновано била употребена физичка сила, а над тројца...

Хелсиншки комитет бара одговорност за приведувањето на активистите

Хелсиншкиот комитет за човекови права денеска се огласи со осуда за задржувањето на четворицата граѓански активисти од страна на припадниците на полицијата за време на одржувањето на презентацијата на воена опрема на војската на САД и на АРМ во саботата, на 29 јули 2017 година, во центарот на Скопје. Од организацијата велат дека побарале одговорност за сторителите на присилното приведување. „Хелсиншкиот...

МВР: Внатрешна контрола го истражува полициското постапување на протестот во Скопје

Мнистерството за внатрешни работи денеска соопшти дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и за професионални стандарди веќе постапува по налогот за детално истражување на полициското постапување при протестот на неколкумина граѓански активисти вчера по повод презентацијата на воена, медицинска и техничка опрема на НАТО во Скопје. Од МВР наведуваат дека доколку се утврди пречекорување на преземените полициски дејства, тоа...

Приведени четворица припадници на Левица поради протест

Полицијата приведе четворица членови на партијата Левица кои вчера протестираа на плоштадот во Скопје додека се одржуваше презентација на воената опрема на САД и на АРМ. Приведените демонстрантите, кои носеа транспарент на кој пишуваше: „Против војната за профити!“, веднаш биле пуштени од полиција. Гоце Марковски од Левица, кој беше еден од приведените, соопшти дека полицијата насилно ги привела. Министерот за внатрешни работи,...

Прв круг на парламентарни избори се одржува денеска во Франција

Прв круг на парламентарни избори денеска се одржува во Франција, каде што 47 милиони Французи ќе излезат на гласање на 66.546 избирачки места. Аналитичарите предвидуваат дека првпат по 60 години може да бидат поразени и левицата и десницата, кои досега беа традиционални партии во оваа држава. Според досегашните анкети, центристичката партија на новиот претседател на Франција, Емануел Макрон, може да...

Протест за работничките права во 12 часот на плоштадот кај „Ибни Пајко“ и во Кавадарци

Здруженијата што ги штитат работничките права за денеска, 1 Мај – Денот на трудот, во 12 часот, најавија голем синдикален протест на кој ќе ги истакнат нивните барања кои треба итно да бидат прифатени од страна на надлежните власти. Потписниците на Повелбата за солидарност на синдикатите и на здруженијата за заштита на работничките права до работничките, работниците и до сите граѓанки...

Левица ги повика пратениците да се вразумат и да работат во интерес на граѓаните

Партијата Левица денеска изрази згрозеност од однесувањето на пратениците во Собранието и ги повика да почнат да работат во интерес на граѓаните. „Згрозени сме од несериозното однесување на народните избраници во Собранието. Левица бара од пратениците да се вразумат и конечно да почнат да работат во интерес на огромното мнозинство осиромашени и обесправени граѓани! Граѓаните очекуваат час поскоро да почувствуваат...

Демири се изјасни за невин, судењето одложено за 14 март

Мариглен Демири се изјасни за невин откако беше прочитано обвиниението против него на денешното рочиште во Основен суд Скопје 1. Јавното обвинителство го товари Демири дека кршел и фрлал предмети и заедно со толпа граѓани на 13 април минатата година ја оштетил народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, за време на протестите против аболицијата на 56 функционери и нивни...

Продолжува судењето на Мариглен Демири за демолирањето на канцеларијата на Иванов

Најавувајќи го денешното рочиште на судењето против Мариглен Демири поради учеството во минатогодишните протести од „Шарената револуција“, Левица порача дека постојаните притисоци нема да ја скршат. Демири е дел од раководството на партијата. „Протестите одамна завршија, но судскиот прогон против истакнати членови на Левица продолжува. Покрај Мариглен Демири, судски процес за учество на протестите се води и против нашите членови...

Заедничката платформа на албанските партии е провокативнa и беспредметнa, оцени Левица

Во услови кога голем процент од населението во Македонија живее во сиромаштија, а Македонија е земја со највисоки класни разлики во Европа и земја речиси без социјални програми, заедничката платформа на ДУИ, Беса и на Алијансата за Албанците е провокативнa и беспредметнa, стои во реакцијата на партијата Левица. Албанските партии во Македонија вчера ја објавија заедничката платформа која ќе биде...

Левица ќе предложи укинување на привилегиите на функционерите

Партијата Левица ќе предложи укинување на привилегиите на функционерите и ќе предложи платата на пратениците да се намали за 500 евра, соопшти денеска членот на президиумот на партијата, Димитар Апасиев. - Нашите пратеници по 11 декември, кога Левица ќе стане парламентарна партија, првиот закон кој ќе го предложат е укинување на бенефициите и привилегиите на јавно избраните и именувани функционери, особено...

Членови на Левица најавија формирање фракција во партијата

Членови и основачи на партијата Левица најавија дека ќе формираат внатрешна фракција во партијата - „Единство“, чија цел, како што рекоа денеска на прес-конференција, ќе биде да се обедини членството и партијата да се врати на вистинскиот пат, пренесува „Канал 77“. Причините за формирање на фракцијата, како што велат тие, се организациските и стратешки грешки на актуелните раководни органи на...

Левица: Судот го одби барањето на саботерите што не сакаат да учествуваме на изборите

Основниот суд Скопје 2 донел решение со кое го одбил како неосновано барањето за донесување привремена мерка за забрана на партијата Левица да учествува на предвремените парламентарни избори, закажани за недела, 11 декември. Барањето, кон крајот на минатиот месец, го поднесе лице кое се преставува како член и основач на партијата. „Ова е уште еден правен пораз на обидот на...

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...