fbpx
Таг: интервју

таг: интервју

Реакции на интервјуто на Груевски: Итрец е тој, сака нешто да ни продаде!

Читателите на грчка „То вима“ различно го прокоментираа интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, некои со обид да го сфатат, а некои со крајни навреди. Низ целиот текст на интервјуто е искористен еден редакторски трик, па името на земјава - Република Македoнија - е оставено во одговорите, но секаде во наводници, односно „Република Македонија“. Во своето прво интервју за грчки печатен медиум,...

СДСМ: Никола Груевски не е Македонија

Преку интервју за грчкиот весник „То вима“, Никола Груевски неуспешно се обиде да ја покрие паниката од соочувањето со граѓаните на слободни, фер и демократски избори. Зад „благите термини“ на Груевски се крие стравот од соочување со одговорноста за тоа што им украде на граѓаните 10 години од нивниот живот, стои во реакцијата на СДСМ по интервјуто на Груевски за грчкиот...

Груевски за „To вима“: Со две раце ќе потпишам дека Македонија нема територијални претензии кон Грција

Спорот за името е апсурден спор, а Република Македонија нема територијални претензии кон Грција и не бара ексклузивно користење на терминот Македонија, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, во интервју за грчкиот весник „То вима“. Во интервјуто Груевски тврди дека сака добра соработка со Грција и наоѓање компромисно решение за името, но не по секоја цена и не по цена на...

Чавков: Спасовски го наполни МВР со партиски војници на СДСМ

„Целиот свој професионален ангажман го имам поминато во полиција, поминувајќи ги сите хиерархиски нивоа од најниското до највисокото. Ваква ситуација како сегашната досега немам видено“, вели дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, за функционирањето на МВР на чело со Оливер Спасовски во интервју за „Прес 24“. „Со доаѓањето на Оливер Спасовски на чело на Министерството, кое во согласност со Договорот од...

Попоски: Херметичкото затварање на границата со Грција е второ најлошо сценарио

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во интервју за „Волстрит џурнал“ вели дека херметичкото затворање на границата со Грција е второто најлошо сценарио за справување со мигрантската криза. Попоски вели дека најдобрата варијанта, сепак, е намалување на протекот на мигратите низ Турција и нивна поефикасна регистрација во Грција, заедно со враќањето на тие што не ги исполнуваат условите за азил. - Соработката...

Пломп: Неделите што следуваат се клучни за Договорот од Пржино

„Сè уште е рано да се прават процени за резултатите од Пржино. Направени се некои многу важни чекори, но има и сериозни одложувања“, порачува амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, во интервју за „Утрински весник“. Според амбасадорот Пломп, некои од прашањата, како што се медиумите и избирачкиот список, до вчерашниот ден не беа решени. Тој ја поздравува одлуката на опозицијата...

Бугарски „Капитал“: Хан не е изваден од контекст, тоа ни го потврди и Коцијанчич

Бугарскиот неделник „Капитал“ денеска за „Мета“ соопшти дека еврокомесарот Јоханес Хан не е изваден од контекст и оти веродостојно е пренесена неговата изјава. - Изјавата на Хан е точно пренесена и не е извадена од контекст. Ја преслушав уште еднаш снимката и ги прегледав забелешките, а потоа и контактирав со портпаролката Маја Коцијанчич. Таа немаше никакви забелешки за интервјуто и ми...

Ванхауте за „Вистиномер“: Изборите треба да бидат цреша врз колачот, но колачот е невидлив

„Изборите треба да бидат цреша врз колачот, при што ќе се видат спроведени сите неопходни реформи. За жал, иако црешата може да им изгледа многу привлечно на некои од партиите, колачот е речиси невидлив“, вели белгискиот олеснувач Питер Ванхауте во интервју за „Вистиномер“. - Политичките партии често прибегнуваат кон тоа да ги разбираат медиумите како нешто што треба да се...

Актерот Шон Пен го интервјуирал Ел Чапо додека бил во бегство

Холивудскиот актер Шон Пен го интервјуирал најголемиот мексикански нарко-дилер Хоакин Гузман Лореа, попознат како Ел Чапо, на тајна локација, неколку месеци по неговото бегство од затвор во јули минатата година. Интервјуто, направено во октомври во мексиканската џунгла, е објавено во саботното издание на американскиот магазин „Ролинг стоун“. Гузман беше уaпсен во петокот оваа недела, а информацијата ја објави претседателот на Мексико,...

По реакцијата на Груевски, „Гардијан“ го смени насловот

По реакцијата на премиерот Никола Груевски на интервјуто во „Гардијан“, британскиот весник го смени насловот. Првичниот наслов „Македонија е подготвена да го смени името за да стави крај на 24-годишниот проблем со Грција“, е заменет со „Македонскиот премиер е отворен за дијалог во врска со промената на името за да се стави крај на 24-годишниот спор со Грција“. По денешното објавување...

Попоски го подготвува теренот за посета на Грција со позитивни коментари

Условите за решавање на спорот за името се повеќе од созреани, според македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски. На помалку од пет дена до неговата посета на Атина и до средбата со грчкиот колега Никос Коѕиас, Попоски во интервју за весниците „Катимерини“ и „Реал“ посочува на потребата за поголема соработка, но и вели дека Македонија има направено голем број...

Заев: Груевски ја нокаутираше Македонија

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска во Општина Струмица, одговарајќи на новинарско прашање за интервјуто на премиерот Никола Груевски, во кое тој политичката ситуација ја споредува со бокс-меч, рече дека најверојатно премиерот се кае поради тоа што не дал оставка, па затоа се претставува како боксер во некој ринг. - Во рингот на Никола Груевски од една страна се тој и...

Груевски: Фала на прашање, освен настинката и синусите, добро сум

Премиерот Никола Груевски, во вчерашното интервју за порталот „Прес 24“, одговара и на прашањето за тоа како лично се чувствува. „Прес 24“: Премиере, неколку месеци по „бомбите“, епилог Договорот од Пржино, мислење дека премногу попуштивте, стоите добро, но прво како се чувствувате лично? Груевски: Ме фативте неспремен за ова прашање. Обично ретко кој прашува како се чувствувам, веројатно луѓето брзаат да го соопштат...

Груевски: Со Заев ќе биде како „рамбл ин д џангл“ и „роуп а доуп“

Премиерот Никола Груевски во денешното интервју за порталот „Прес 24“ прави аналогија на легендарниот бокс-меч меѓу Мохамед Али и Џорџ Форман и неговата битка со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Груевски вели дека противникот го мотивирал слично како што тоа му го направил Форман на Али. - Се сеќавате на познатата „рамбл ин д џангл“ (Rumble in the Jungle), најпознатата битка...

Груевски: Македонија е безбедна колку што е и Европа

„Македонија е безбедна колку што е и цела Европа. Сите сме во исти кош и затоа потребен е заеднички и здружен одговор во борбата против тероризмот“, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за порталот „Прес 24“. „Не смееме да дозволиме овие закани да ни го променат животот до таа мера за да нè парализираат во нашите активности, но не смееме...

Пломп: Отчукува часовникот до изборите

Во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“, холандскиот амбасадор во земјава, Вилем Ваутер Пломп, вели дека часовникот отчукува до изборите во април следната година и дека е екстремно важно да се постигне договор за медиумите. Амбасадорот Пломп порачува дека во врска со специјалната обвинителка, сите институции што се инволвирани треба да работат заедно и да ѝ овозможат да си ја...

Мемети: Институциите немаат волја за спроведување на прописите

Институциите во Македонија немаат волја да ги спроведат прописите и законите, да се справат со предизвиците, да ги решaваат проблемите и тоа е главниот проблем, вели народниот правобранител, Иџет Мемети, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“. „Ние во Република Македонија, во парламентарна демократија формиравме посебно јавно обвинителство, тоа доволно говори на кое ниво сме. Тоа доволно говори колкава е...

Бејли: Оставките на Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески не се доволни

Оставките на двајцата министри и шефот на контраразузнавачкиот сервис беа важни, но, секако, не беа доволни и затоа беше формирано специјално обвинителство заради истрага на прашањето на правна одговорност кое произлегува од прислушуваните разговори, изјави амбасадорот на Соединетите американски држави во Македонија, Џес Бејли во синоќешното интревју во емисијата „360 степени“ на телевизијата „Алсат-М“. „Има процес и во Собранието преку...

„Студентски пленум“: Најавата на Груевски за нов студентски дом е популистички потег

Премиерот Никола Груевски во интервјуто за телевизија „Сител“ најави изградба на нов студентски дом, што од „Студентски пленум“ го оценуваат како популистичка мерка, додавајќи дека е трагично што студентите мора да чекаат реакција од Владата само кога нивните животи се загрозени. Од Министерството за образование и наука кратко ни одговорија дека во наредните денови ќе се разработат деталите за изградба, финансиите и...

Груевски: Опозицијата ги минира преговорите за да ги одложи изборите

Премиерот Никола Груевски во интервју за телевизијата „Сител“ вечерва најави изградба на нов студентски дом во Скопје, рече дека во моментов во Македонија има историски најниска невработеност од 26,8 проценти и ја обвини опозицијата дека ги минира преговорите за да ги одложи изборите договорени за април идната година. Груевски, кој најчесто се појавува токму на „Сител“, изјави дека од осамостојувањето...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...