Попоски: Херметичкото затварање на границата со Грција е второ најлошо сценарио

-

Шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, во интервју за „Волстрит џурнал“ вели дека херметичкото затворање на границата со Грција е второто најлошо сценарио за справување со мигрантската криза. Попоски вели дека најдобрата варијанта, сепак, е намалување на протекот на мигратите низ Турција и нивна поефикасна регистрација во Грција, заедно со враќањето на тие што не ги исполнуваат условите за азил.

– Соработката на Македонија и на Грција се подобрува во споредба со минатото лето, а исто така се подобрува и комуникацијата меѓу грчката и македонската полиција, како и комуникацијата на министерско ниво. Но, проблемот е што грчкото мерило за успех е тоа колку мигранти ја напуштиле грчката територија. Нашиот успех се мери во неколку нелегални преминувања на наша територија. Немаме исти цели. За нас најголем страв е дека ако северните граници се затворат и притоа имаме 6.000-7.000 лица кои влегуваат секој ден како што имавме во текот на минатата година, тоа значи 70.000 во десет дена, што значи во следните два месеци тоа ќе биде 20 отсто од населението – а тоа е драматична ситуација. Ова е катастрофално сценарио кое сакаме да го избегнеме. Комуникацијата е подобрена, но интересите не се исти. Грција сè уште има тешкотии во контролирање на островите и како што се зголемува притисокот, тие ги пренесуваат луѓето на копно, а потоа тие остануваат на македонската граница со часови. Тоа е проблем – вели Попоски во интервјуто.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...