fbpx

Реакции на интервјуто на Груевски: Итрец е тој, сака нешто да ни продаде!

-

Читателите на грчка „То вима“ различно го прокоментираа интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, некои со обид да го сфатат, а некои со крајни навреди.

Низ целиот текст на интервјуто е искористен еден редакторски трик, па името на земјава – Република Македoнија – е оставено во одговорите, но секаде во наводници, односно „Република Македонија“.

Во своето прво интервју за грчки печатен медиум, Груевски вели дека спорот за името е апсурден спор, а Република Македонија нема територијални претензии кон Грција и не бара ексклузивно користење на терминот Македонија.

Еве некои од коментарите на интернет-изданието на весникот:

Кирјакос: Ние Грците сме животни и оваа битка ќе ја изгубиме. Сепак една работа е сигурна, Груевски не може да сокрие за колку глупави нè смета.

 

Коста: Ајде појаснете му дека нема врска со Македонија, туку дека само си поигрува со нас итриот скопски ѓуптин.

 

Мештанин: Ах, драг Никола. Грците по природа се егоцентрични и нивните соседи ги сметаат за непријатели, варвари и за убијци! Нивната историја не ни кажува ништо друго.

 

Јоргос: Географската одредница пред името на оваа земја е логично решение за многу проблеми – и билатерални и меѓународни и не би имало никаков судир со историјата. А околу соработката за мигранската криза – неопходна е! Сепак, Груевски не е најпогодниот лидер за тоа. Тој е политичар кој потроши милиони долари за искривување на историјата – и на античката и на модерната! Итрец е тој, особено сега кога треба да продаде нешто што е старо илјадници години.

Во интервјуто Груевски тврди дека сака добра соработка со Грција и наоѓање компромисно решение за името, но не по секоја цена и не по цена на македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој додава дека тоа нема да се случи без одобрение од народот на референдум.

Груевски вели дека решение за името е можно ако Грција се откаже од уцените и прифати постоење на македонска држава и идентитет.

Тој беше дециден дека македонската влада нема територијални претензии, отфрлајќи ги грчките критики за иредентистичко однесување на владата на ВМРО-ДПМНЕ.

– Македонија нема територијални прентензии кон соседите. Ова можам да го потпишам со две раце. Тврдењата дека Грција, која е поголема и помоќна, се плаши од Република Македонија се неуверливи. Можам да потпишам дека Република Македонија ќе ги понуди сите барани гаранции дека немаме територијални претензии – истакнува Груевски.

Тој оцени дека грчката јавност е недоволно информирана за Македонија, што, според него, е дополнителен проблем за да се дојде до компромисно решение.

– Сметам дека вашата јавност е несоодветно или недоволно информирана за ситуацијата во Република Македонија. Ова создава пречки за вашите политичари да донесат похрабри одлуки. Треба да ги надминеме стереотипите и да ги земеме предвид работите што нè обединуваат – вели Груевски.

Тој остро го критикува грчкиот став дека со уцена може да се наметне нов идентитет на македонскиот народ.
Како позитивна точка во македонско-грчките односи, ги посочува мерките за градење доверба, кои, како што вели, се надева да се имплементираат, а не да останат само на хартија.

Интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за грчки медиум е преседан затоа што Груевски, додека беше премиер, ниту еднаш не проговори за грчките гласила.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...