Груевски: Со Заев ќе биде како „рамбл ин д џангл“ и „роуп а доуп“

-

Премиерот Никола Груевски во денешното интервју за порталот „Прес 24“ прави аналогија на легендарниот бокс-меч меѓу Мохамед Али и Џорџ Форман и неговата битка со лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Груевски вели дека противникот го мотивирал слично како што тоа му го направил Форман на Али.

– Се сеќавате на познатата „рамбл ин д џангл“ (Rumble in the Jungle), најпознатата битка на Касиус Клеј, односно Мохамед Али откако го промени името, во целата негова кариера. Беше многу одамна. Никој тогаш не очекуваше дека Али ќе победи со Џорџ Форман, поради подготвеноста на противникот или, во случајов, противниците би рекол, но сепак, на крај, тој победи.
Тоа што Мохамед Али успеа е да го надмудри и психолошки да го победи својот противник. Противникот на Али, Форман, имаше направено цеосно погрешна процена за чекорите и за начинот како Али ќе се бори. Форман на почетокот удираше и удираше, а Али го допушташе тоа, рунда по рунда. Али пушташе Форман да удира, „роуп а доуп“ (rope a dope) ја нарекоа неговата стратегија, и се случи Форман во осмата рунда да се умори, а Али тогаш почна. И ми се чини дека заврши со нокаут, Форман беше декласиран. Е сега, сите се прашуваа во првите осум рунди зошто Али така боксува, мислеа дека е наместен мечот, мислеа дека Али е ослабен, но вистината беше дека Али имаше стратегија и се однесуваше поинаку од тоа што неговиот противник го профилирал за него. Осмата рунда за Заев допрва доаѓа, а финалниот удар ќе дојде на 24 април – изјави Груевски.

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката интелигенција. Алтман,...

МОН разви мобилна апликација за родителите да имаат увид во образованието на нивните деца

Родителите и старателите на учениците од сега до електронскиот дневник ќе можат да пристапат и преку мобилна апликација развиена од Министерството за образование и наука (МОН). За новата апликација „Е-дневинк“ денеска на...

Сезона на вештерство во новото продолжение на Диабло 4

Новата сезона на Diablo 4: Season of Witchcraft е седмата сезона од играта која ги имплементира сите најфункционални механики до сега. Самата сезона се занимава со Witchcraft односно „вештерство” како имагинарна...

Македонија 12 места подолу на индексот на перцепција на корупцијата

Со 40 поени од вкупно 100, Северна Македонија годинава се најде на 88. место од 180 земји според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата на Транспаренси Интернешнл (ТИ). На скалата каде 0...

Сем Алтман смета дека Илон Маск не е среќен човек

Извршниот директор на компанијата „Опен АИ“, Сем Алтман, зборуваше против својот ривал Илон Маск, еден ден откако го отфрли потенцијалниот договор што можеше да ја обликува иднината на вештачката...