Груевски: Македонија е безбедна колку што е и Европа

-

„Македонија е безбедна колку што е и цела Европа. Сите сме во исти кош и затоа потребен е заеднички и здружен одговор во борбата против тероризмот“, изјави премиерот Никола Груевски во интервју за порталот „Прес 24“.

„Не смееме да дозволиме овие закани да ни го променат животот до таа мера за да нè парализираат во нашите активности, но не смееме ни да ги потцениме“, вели Груевски.

За наводите за фалсификувани лични карти, премиерот тврди дека тие не биле употребени ниту во изборен процес, ниту во каков било друг случај, излез од граница или слично.

– Прво, вистината излезе на виделина и не е ни чудо што Оливер Спасовски молчеше и не даваше одговор на ова прашање долг период по нашите прозивки. Се виде дека нешто се криело. Второ, кој ќе носи одговорност сега за ова? Истрагата мора да оди докрај, во спротивно ќе се смета дека Заев, Спасовски и СДСМ нешто кријат. Каде се 30.000 лични карти? Каде се? Како тоа некој од ракав паушално ќе ве обвини за нешто и потоа кога ќе бидат фатени дека лажеле, молк? Според тоа што го разбрав, се докажало дека ниту една од тие 105 лични карти, значи повторувам 105 лични карти, а не 30.000, значи ниту една не била пуштена во промет. Значи, истрагата мора да оди докрај и да се фати тој што го наместил ова – вели Груевски во интервјуто.

За обвинувањата за тајното купување земјиште на Водно, тој демантира дека некогаш има купено некакво земјиште.

– Опозицијата користеше креирани и едитирани нелегално стекнати материјали за да ме дискредитира, бидејќи со работа и со резултати не е дорасната да нè победи мене и мојата политичка гарнитура. Многу од тие креирани материјали беа од различни периоди, за различни работи, извадени од контекст делови од телефонски разговори и ставени во еден контекст, кој требаше да го убеди народот дека сум работел нешто незаконско или нечесно. Тоа беше една голема валкана игра, која мнозинството од народот ја препозна – вели Груевски во интервјуто за „Прес 24“.

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во споредба со...

Промовирана веб-страницата на Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство

Со помош и поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Комисијата за паричен надоместок на жртви од кривично дело со насилство, изработи веб-страница, која ќе служи како основа за промовирање на...

Зеленски: Севернокорејските трупи се вратија на фронтот во Курск

Украинскиот претседател Володомир Зеленски, изјави дека севернокорејските трупи се вратиле на фронтот во руската област Курск, по информациите дека Москва ги повлекла своите трупи поради големи загуби, пренесува „Гардијан“. „Имаше нови напади...

Подобри игри во најава Crimson Desert, Dune Awakening и Doom: The Dark Ages

Игрите „Crimson Desert“, најновата „Dune: Awakening“, како и најавената „DOOM The Dark Ages“ се најавени за годинава. Се очекуваат да бидат масовно играни особено играта за Dune: Awakening која е носталгична...

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 61,7 отсто

Во текот на петтата недела од 2025 година, во Македонија се пријавени 3.036 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип, за 61,7 отсто повеќе во...