fbpx

Ни Протоѓер не сведочеше пред Анкетната комисија

-

Ниту Мартин Протоѓер, советник на премиерот Никола Груевски, денеска не се појави како сведок во собраниската Анкетна комисија за скандалот со прислушување.

По мало препирање на членовите на комисијата околу деловникот и што да се стави како точка на дневен ред, членовите се договорија да се утврдат работните групи од претставници на анкетната комисија, кои ќе одат во институциите за да собираат информации за прислушувањето.

Присуството во комисијата го откажа и министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој рече дека е слободен да сведочи на 17 декември, а премиерот Никола Груевски, десетина минути пред почетокот на вчерашната седница, најави дека нема да се појави на закажаниот термин, туку на 14 декември.

Во наредните денови покана да дадат изјава пред комисијата имаат и Сашо Мијалков за утре, на 14 декември Гордана Јанкулоска и на 15 декември Миле Јанакиески, но никој од нив не потврдил дека ќе дојде. Појавувањето пред комисијата не е задолжително.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Очајна екипираност – во просек еден обвинител има по 180 нови предмети годишно

Во просек, на годишно ниво секој јавен обвинител од основно обвинителство работел на по околу 180 нови предмети, покажува Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства за 2023 година...