fbpx
Таг: дијалог Белград-Приштина

таг: дијалог Белград-Приштина

ЕУ ќе ги услови милијардите евра нова помош за земјите од Западен Балкан

Земјите-членки на ЕУ се подготвени да дадат поддршка за Планот за економски раст за Западен Балкан во висина од над 6 милијарди евра, но бараат од земјите во регионот напредок во владеењето на правото и ускладеност со надворешната политика на ЕУ, јавува Радио-телевизија Србија по консултација со дипломатски извори од Брисел. Покрај напредокот во владеењето на правото и вклучувањето на...

Опозиционерот Никола Сандуловиќ делумно парализиран по нападот од српската тајна служба

Семејството на опозицискиот лидер Никола Сандуловиќ, кој наводно бил претепан од српската тајна служба додека бил во притвор вели дека тој е делумно парализиран од нападот којшто се случил откако се извини за злосторствата извршени од Србите врз етничките Албанци во Косово, пишува Гардијан. Нападот врз опозиционерот Никола Сандуловиќ се случи на 3 јануари, кога тој бил одведен од неговиот...

За Курти, Србија е опасност за регионалната стабилност на Балканот

Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Србија претставува опасност за регионалната стабилност на Балканот, барајќи од српските власти да ги ослободат поранешниот припадник на ОВК Хасан Дакај и уште двајца косовски државјани кои беа уапсени на почетокот од месецов, пренесува Радио-телевизија Косово. Во својот говор, премиерот Курти го спомена апсењето на косовски граѓани од страна на Србија, за кое...

ЕУ ги поздрави одлуките на Белград и Приштина за признавање на регистарските таблички

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска ги поздрави одлуките на Косово и Србија за официјално меѓусебно признавање на регистарските таблички на моторните возила и за укинувањето на налепниците на табличките, пренесува весникот Данас. Според Борел, одлуката е позитивен чекор во имплементацијата на Договорот за нормализација на односите, како и досегашните обврски преземени од дијалогот...

Средба Вучиќ-Фон дер Лајен: Предуслов за членството на Србија во ЕУ е признавањето на Косово

Српскиот претседател Александар Вучиќ по денешната средба со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен призна дека Србија на патот за членство во ЕУ има две пречки - прашањето за признавањето на Косово и воведувањето на санкции на Русија, пренесува Радио-телевизија Србија. „Во секој случај тоа се два големи проблеми. Се разбира, останува и понатаму да се спроведуваат реформи...

Фон дер Лајен: Косово да формира Заедница на српски општини, а Србија да го признае Косово

По посетата на С. Македонија, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен попладнево од Приштина испрати јасна порака дека Косово треба да се ангажира за оформувањето на Заедницата на српски општини во северниот дел на земјата, додека Србија де-факто треба да го признае Косово, пренесува весникот Данас. Говорејќи на заедничката прес-конференција со косовската претседателка Вјоса Османи, фон дер Лајен...

Борел: Белград и Приштина го одбија европскиот предлог за Заедницата на српски општини во Косово

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави во четвртокот вечерта дека Белград и Приштина го одбиле предлогот за основање на Заедницата на српски општини, кој им го понудила Европската Унија, пишува Н1. „Двете страни не беа подготвени да ги прифатат и да се сложат околу условите“, изјави Борел, но не прецизираше за каков предлог станува...

Контроверзниот Милан Радоичиќ ја презеде одговорноста за нападот кај Бањска

Контроверзниот бизнисмен Милан Радоичиќ, кој беше осомничен од косовската полиција за оружениот инцидент кај селото Бањска, денеска ја презеде одговорноста за нападот врз косовската полиција, пренесува Радио Слободна Европа. Неговиот адвокат јавно го објави неговото писмо, во кое стои дека токму тој ги направил сите логистички подготовки за, како што стои во писмото, „одбрана на нашиот народ од окупаторот“. Потпретседателот...

Гардијан: Ако се открие дека Вучиќ е инволвиран во настаните кај Бањска, можни се санкции за Србија

Доколку се утврди вмешаност на српскиот претседател Александар Вучиќ во настаните кај Бањска во Косово, тоа би можело да го промени пристапот на САД и ЕУ во преговорите меѓу Белград и Приштина, а можни се и санкции за Србија, пишува британскиот весник Гардијан.  Весникот додава дека САД досега ги поддржувале преговорите и биле на страната на Европа, бидејќи најголем дел...

Операцијата кај Бањска завршена – кој сакал од Милан Радојчиќ да направи српски Адем Јашари?

Косовската полиција ја заврши операцијата кај селото Бањска, а властите во Приштина и јавно обелоденија дека во вооружената група која ги нападна косовските полицајци се наоѓал и контроверзниот потпретседател на Српската листа, Милан Радојчиќ, кој се наоѓа и на црната листа на САД. Косовските власти тврдат дека Радојчиќ е повреден и се наоѓа на лекување во Воено медицинската академија...

Косово го покажа запленетиот арсенал кај Бањска, Србија прогласи Ден на жалост

Косовската полиција јавно го прикажа арсеналот на вооружената група која ги нападна полициските службеници кај селото Бањска во северниот дел на Косово. Косовските власти ги оквалификуваа активностите на оваа група како терористички напад, а двајца од уапсените кај Бањска веќе се изведени пред основниот суд во Приштина. Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свлечла ги презентираше доказите по неделните...

Македонскиот државен врв го осуди нападот во Косово, дијалогот мора да продолжи

По вчерашната престрелка во северниот дел на Косово во која беше убиен еден косовски полицаец и најмалку тројца членови на вооружена група обвинета за тероризам, македонскиот државен врв денеска излезе со осуди за случувањата во Косово. Премиерот Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска порачуваат дека безбедносната состојба во државата е стабилна. Премиерот Димитар Ковачевски силно ги осуди престрелките...

Ескалација во Косово: Се пука кај Бањска, Курти тврди полицијата опкружила 30 вооружени лица

По убиството на косовски полицаец кај селото Бањска во северно Косово, состојбата останува драматична. Спорадични пукања се слушаат и понатаму од правецот на ова село, а косовскиот премиер Албин Курти пред малку објави дека нападите продолжуваат кај ова село и дека има најмалку 30 тешко вооружени лица кои пукаат кон косовската полиција. Курти додаде дека станува збор за професионалци,...

Си-Ен-Ен: Пристапот на Западот кон Вучиќ носи ризик за дестабилизација на Балканот

Во периодот кога Русија ја нападна Украина, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ) забрзано се свртеа кон Србија. Нивната политика имаше две цели, прво, Србија да се внесе во западното јато, подалеку од Русија. Второ, да ѝ се овозможи да се фокусира на поддршката на Украина, пишува Си-Ен-Ен во својата анализа. Еден од најблиските сојузници на Москва во...

Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и кај нас?

Речиси координирано, еден по друг, косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ деновиве со своите изјави се обидуваат да се мешаат во внатрешнополитичките и надворешнополитичките односи на Македонија. По дадените изјави, се поставува прашањето: Се обидуваат ли Курти и Вучиќ тензиите меѓу Приштина и Белград да ги префрлат и во нашата земја? Нивните изјави доаѓаат токму пред,...

Високи функционери бараат дистанцирање на ЕУ и САД од Србија поради владеењето на Вучиќ

Српскиот претседател Александар Вучиќ сè повеќе ги ескалира тензиите во односите со Косово, а западните земји се воздржуваат од критики кон него, што пак како пристап во надворешната политика веќе не функционира. Ова го пишуваат влијателни високи функционери од водечки земји на ЕУ, САД и Велика Британија во писмото што е упатено до нивните влади, пишува германскиот весник Тагесшпигел. Странските...

Експлозивна направа фрлена врз полициски пункт во Северна Митровица

Експлозивна направа била фрлена рано утрово врз полициски пункт во северниот дел на Митровица, јавува Радио Слободна Европа. Нема повредени лица во нападот, а овој чин е само последен во серијата на инциденти што се случиjа изминатиов период во северниот дел на Косово. „Се верува дека експлозијата била предизвикана од пиротехника во комбинација со запалив материјал“, изјавил за Радио Слободна...

Србија ги ослободи тројцата косовски полицајци

Тројцата полицајци кои кон средината на месецов беа уапсени од српските власти, како што тврдеше Белград, односно кои според Приштина беа „киднапирани“, сега се ослободени, пренесува Kossev.info. Адвокатот на уапсените ја потврдил информацијата за српскиот сервис на Радио Слободна Европа. „Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и тие ќе се бранат од слобода“, изјавил адвокатот Градимир Налиќ кој додаде дека...

Борел бара од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци безусловно

Шефот на ЕУ за надворешна политика, Жозеп Борел, по одвоените средби што ги имаше со премиерот на Косово, Албин Курти и со српскиот претседател, Александар Вучиќ, на прес-конференција кажа дека побарал од Вучиќ да ги ослободи тројцата косовски полицајци кои се држат во Србија од 14 јуни. „Идентификувавме можен начин напред на кој двете страни мора да ги исполнат своите...

Курти и Вучиќ отидоа во Брисел на средба со Борел

Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти заминаа денеска во Брисел на средба со шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел и со специјалниот пратеник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчек. Вучиќ отиде во Брисел, но претходно изјави дека нема да разговара со Курти, туку само со Борел. „Со Албин Курти немам за што да...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...