fbpx

Експлозивна направа фрлена врз полициски пункт во Северна Митровица

„Се верува дека експлозијата била предизвикана од пиротехника во комбинација со запалив материјал“, изјавил за Радио Слободна Европа заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани

-

Експлозивна направа била фрлена рано утрово врз полициски пункт во северниот дел на Митровица, јавува Радио Слободна Европа. Нема повредени лица во нападот, а овој чин е само последен во серијата на инциденти што се случиjа изминатиов период во северниот дел на Косово.

„Се верува дека експлозијата била предизвикана од пиротехника во комбинација со запалив материјал“, изјавил за Радио Слободна Европа заменик-директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Елшани.

На северот на Косово од крајот на мај има зголемени тензии поради одлуката на косовските власти да ги преземат општинските згради во Звечан, Лепосавиќ и Зубин Поток, со цел избраните градоначалници Албанци да имаат пристап до нивните канцеларии. Србите ги бојкотираа априлските избори и не ги прифаќаат изборните резултати.

Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека е дојдено време да се преземат чекори за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, како и да се направи глобален пристап во решавањето на тој проблем, јавува Радио-телевизија Србија. 

На медиумите денеска им се обрати и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој побара од сите страни да се воздржат од акции кои може да ги зголемат тензиите.

Шарл Мишел пред почетокот на самитот на Европскиот совет на новинарите им рече дека дека во целост го поддржува високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел во однос на неговите напори за деескалација на состојбата.

Столтенберг додаде дека Белград и Приштина треба да се вратат на дијалогот со посредство на ЕУ.

„НАТО заедно со ЕУ работи на бројни прашања, едно од нив е Косово. Ситуацијата во Косово покажува колку е неопходна нашата соработка со НАТО и ЕУ. Ние силно ги поддржуваме напорите на ЕУ за водење на дијалог“, изјави Столтенберг.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...