fbpx
Таг: апсење

таг: апсење

Трамп пред судот се изјасни за невин и рече дека Америка оди кон пеколот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп пред судот во Њујорк се изјасни за невин по обвиненијата за 34 кривични дела за кои претходно беше уапсен. Трамп синоќа се предаде, по што беше уапсен и беше изведен на историското појавување на суд, така што стана првиот американски претседател кој бил уапсен и се соочил со кривични дела, пишува Си-ен-ен. Обвиненијата против Трамп...

Македонија ќе повика на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина

Македонија повикува на одговорност за сите сторители на воени злосторства во Украина, е одговорот којшто денеска го даде министерот за надворешни работи Бујар Османи на прашањето за тоа како нашата земја би постапила откако Меѓународниот кривичен суд во Хаг на 17 март издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин за воените злосторства извршени во Украина. Министерот Османи како...

Лажна фотографија од наводно апсење на Трамп се шири на социјалните мрежи

Не е уште познато дали ќе гледаме фотографии од полициски службеници во Мар а Лаго, во домот на Трамп во Флорида, но, засега, фотографијата која е дел од постот кој го рецензираме претставува графички изменета фотографија која што се шири на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа. Текстот подолу го пренесуваме во целост:     Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук...

Трамп очекува да биде уапсен во вторник, повторно повикува на протести

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека очекува да биде уапсен во врска со истрагата од страна на окружниот обвинител на Менхетен следната недела и повика на протести додека органите на редот во Њујорк се подготвуваат за можното обвинение, пренесе Си-ен-ен. Во објава на социјалните мрежи, Трамп, мислејќи на себе, рече дека „водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на Соединетите...

Издаден налог за апсење на Путин поради наводи за воени злосторства

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин. Судот тврди дека тој е одговорен за воени злосторства и ги фокусирал своите тврдења на незаконско депортирање на деца од Украина во Русија, пренесе Би-би-си. Се вели дека злосторствата биле извршени во Украина од 24 февруари 2022 година - кога Русија ја започна својата целосна инвазија. Москва ги...

Полицаец вон должност и уште двајца нападнати кај скопската обиколница

МВР соопшти дека уапсило две лица по жестокиот напад ноќеска во 1 часот, на булеварот „Христијан Тодоровски - Карпош“ во близина на клучката Радишани. Нападнати биле еден полицаец вон должност и уште две лица што биле со него во автомобилот. Според полицискиот билтен, уапсени се Н.Б. и Е.Б. Тие, заедно со уште едно лице, со возило „бмв“, како и неколку...

Кусото приведување на Грета Тунберг не било инсценирано од медиумите

Грета Тунберг беше приведена на 17 јануари во западна Германија, каде неколку дена по ред имаше протести против проширување на рудник за јаглен. На снимка која беше објавена од нејзиното приведување, се гледа како германската интервентна полиција ја носи 20-годишната Тунберг. Откако ја однесоа, Грета насмеана им позирала на насобраните фоторепортери додека еден полицаец ја држи за рака. Портпаролот...

По триесет години е уапсен најбараниот италијански мафијаш Матео Месина Денаро

Најбараниот италијански мафијашки бос Матео Месина Денаро е уапсен на Сицилија по 30 години во бегство, пренесоа светските новински агенции. Асошиејтед прес пишува дека Месина Денаро наводно бил уапсен во приватна клиника во главниот град на Сицилија, Палермо, каде што се лекувал од рак. Тој е последниот од тројцата долгогодишни мафијашки бегалци од највисоко ниво, кои со децении успешно избегнуваа да...

Наплаќале „билет“ помеѓу 600 и 800 евра – разбиена мрежа шверцери на илегални мигранти

Во координирана акција што денеска ја спровело МВР под водство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), полицијата уапси голем дел од 13-члена криминална група која криумчарела мигранти. Еден од уапсените е полицаец, а двајца од групата веќе лежат затвор за криумчарење мигранти. Денешните апсења се случуваат по шестмесечна истрага, односно од мај до октомври...

Во Подгорица уапсени црногорски државјани осомничени дека работеле за руското разузнавање

Неколку државјани на Црна Гора се утрово уапсени во главниот град Подгорица под сомнеж дека работеле за разузнавачката служба на Русија, јавува црногорскиот весник „Вијести“ на својата веб-страница, повикувајќи се на повеќе извори. Според сознанијата на „Вијести“, акцијата ја водела Агенцијата за национална безбедност (АНБ), а била извршена по налог на Специјалното државно обвинителство. Според еден извор, еден од уапсените повеќе...

Њујорк Тајмс: Протечени документи разоткриваат строго следење и цензура во Русија

Протечени документи од рускиот државен регулатор на комуникациите „Роскомнадзор“ покажуваат како Русија врши дигитално следење на своите граѓани и цензурирање, изедначувајќи се со авторитарните држави како Кина и Иран и дека од основањето на Роскомнадзор во 2008 година, Путин го претворил во систем на шпионажа заради задржување на моќта, пишува „Њујорк Тајмс“. Весникот анализирал околу 160.000 записи и документи што...

Хилари Клинтон не била уапсена во 2016 година

Видеото прикажано во прилог на објавата на кое се гледа како Хилари Клинтон се онесвестува, при што притрчуваат луѓето од нејзиното обезбедување за да ја задржат, е злоупотребено во постот со цел да се манипулира јавноста дека таа не се онесвестила, туку давала отпор при апсење. Вест за апсење на Клинтон за време на комеморацијата за 11 септември во...

Приведени над 1.300 учесници во антивоените протести во Русија

Повеќе од 1.300 луѓе беа приведени вчеравечер во Русија поради антивоените протести што се одржуваа низ целата земја, јави Си-Ен-Ен. Дел од демонстрантите беа резервисти што треба да бидат мобилизирани. Рускиот претседател Владимир Путин вчера претпладне објави делумна мобилизација. Look at these young strong men in uniform. Look how well they can fight the protesting youth. Why are they still not on...

Во Латвија демонстранти не биле приведени оти пееле песна, туку зошто одбивале да се разотидат од протест

Прес Јунајтед објавува дека Латвија отстранила советски споменик, по што 14 луѓе биле уапсени во Рига. Според медиумските извештаи, летонската полиција ги уапсила лицата кои протестирале против отстранувањето на споменикот. Локалните власти посочиле дека од неколку десетици луѓе кои се појавиле на местото, 14 биле уапсени затоа што не ја почитувале полициската наредба да се разотидат, а не затоа...

Вистиномер: Двајца Руси и Украинец се обвинети за шпионирање на воена фабрика во Албанија

Двајца руски државјани и еден Украинец беа уапсени додека се обидувале да влезат во фабрика за муниција во местото Гримш, централна Албанија. Инцидентот се случил  на 20 август во 17.40 часот во поранешната фабрика за оружје во Албанија, која сега, според армиски извор на телевизијата „Топ чанел“, работи за потребите на НАТО.  Двајцата Руси, идентификувани како Михаил Зорин (25)...

Косовската полиција ја уапси и ѝ забрани влез во земјата на руската новинарка Дарија Асламова

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џелал Свечла, синоќа го потврди апсењето на руската државјанка Дарија Алсамова, новинарка во весникот „Комсомолска Правда“, на северот од земјата. Преку објава на Фејсбук, Свечла рече дека многу земји докажале дека таа се занимавала со шпионажа за руското воено разузнавање и дека дејствувала под маска на новинарка. „Истата учествуваше и во борбите во Украина со...

Вистиномер: Лага е дека била уапсена Ненси Пелоси

Фотографијата е направена на 13 јануари 2021 година, во моментот кога Пелоси се враќала од дебатата за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во Вашингтон. Од канцеларијата на Пелоси и од Службата за маршали на САД во изјава за сервисот за проверка на факти на АФП, изјавиле дека фотографијата не прикажува никакво притворање на Пелоси, пишува „Вистиномер“...

Внатрешната контрола на МВР работи на случајот со земање 20 евра мито по патник на „Блаце“

Одделот за внатрешна контрола во координација со надлежното обвинителство уште од ноќеска интензивно работи на расчистување и санкционирање на случај со земање на мито од страна на полициски службеници на Граничниот премин Блаце, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Заменик министерот за внатрешни работи, Назим Буши за ТВ21 изјави дека е уапсен началник на смена на граничниот премин Блаце, којшто...

Уапсена клучната личност во аферата околу Курц: Пред апсењето го избришала хард дискот од нејзиниот компјутер

Денес во Автрија е уапсена истражувачката на јавното мислење, Забина Бајнсхаб. Жената за која весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека е клучна личност во аферата околу Себастијан Курц, во врска со лажните анкети на јавното мислење е осомничена за фалсификување истражувања во корист на партијата ОВП на доскорешниот австриски премиер. Во тие истражувања, Курц секогаш бил прикажуван особено позитивно, додека неговиот...

Фалсификатори од Камерун фатени на скопскиот аеродром со над 900.000 евра фалсификувани банкноти

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера на скопскиот аеродром при влез во земјава биле уапсени Т.Р.Ф.(36) и М.Б.С.(40), двајцата од Камерун, поради сомнение за фалсификување банкноти. При дополнителна гранична контрола и при преглед на багажот, кај Т.Р.Ф. биле пронајдени 2.591 исечени парчиња хартија на кои од двете страни е отпечатен дел од дизајнот на банкноти од 50 евра, 2.363...

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...