fbpx

Вистиномер: Лага е дека била уапсена Ненси Пелоси

-

Фотографијата е направена на 13 јануари 2021 година, во моментот кога Пелоси се враќала од дебатата за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во Вашингтон. Од канцеларијата на Пелоси и од Службата за маршали на САД во изјава за сервисот за проверка на факти на АФП, изјавиле дека фотографијата не прикажува никакво притворање на Пелоси, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Пост на Фејсбук тврди дека претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси била уапсена. Ова не е точно.

Постот споделува фотографија од Пелоси покрај која одат две жени со значки на реверите. Во објавата се тврди дека двете женски лица се од ФБИ.

Фотографијата е стара, од 2021 година и на неа не е прикажано апсењето на Пелоси. Ваквата информација уште минатата година ја дебанкираа неколку сервиси за проверка на фактите.

Фотографијата е направена на 13 јануари 2021 година, во моментот кога Пелоси се враќала од дебатата за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп во Вашингтон.

Од канцеларијата на Пелоси и од Службата за маршали на САД во изјава за сервисот за проверка на фактите на АФП, изјавиле дека фотографијата не прикажува никакво притворање на Пелоси.

Дру Хамил, заменик началникот на кабинетот на Пелоси, за АФП изјавил дека тврдењата дека Пелоси била уапсена или дека била под надзор на Службата за маршали на САД се „лажни“.

Вилијам Дилејни, началник за односи со јавноста во Службата за маршали на САД, во изјава за АФП изјавува:

Можам да потврдам дека секое тврдење дека сме ја уапсиле Пелоси е апсурдно и лажно.

Тој додава:

Службениците за спроведување на законот што се на вашата фотографија не се дел од нашата служба. Нашите маршали имаат значки кои се значително различни, со голема сребрена ѕвезда.

Веста дека Пелоси била уапсена ја дебанкираше и сервисот за проверка на факти на Ројтерс.

Од сето ова можеме да заклучиме дека постот кој го анализираме  е невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...