fbpx

Наплаќале „билет“ помеѓу 600 и 800 евра – разбиена мрежа шверцери на илегални мигранти

-

Во координирана акција што денеска ја спровело МВР под водство на обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО-ГОКК), полицијата уапси голем дел од 13-члена криминална група која криумчарела мигранти.

Еден од уапсените е полицаец, а двајца од групата веќе лежат затвор за криумчарење мигранти.

Денешните апсења се случуваат по шестмесечна истрага, односно од мај до октомври годинава.

Биле извршени претреси кај 11 лица, во вкупно 11 објекти лоцирани на подрачје на Скопје, а уапсени се девет лица, од кои еден е вработен како полициски службеник, по две лица се трага, додека две лица-членови на криминалната група веќе издржуваат мерка затвор во КПУ Скопје и КПУ Идризово, за претходно сторени кривични дела „криумчарење мигранти“.

Криумчарската група имала строга хиерархиска поставеност, а била предводена од 29-годишниот скопјанец А.Б.. Тој заедно со три лица организатори К.Н., А.Н. и Ќ.Н., со потекло од Блискиот Исток, коишто повремено престојувале во земјава, односно во Кумановско-липковскиот регион, но и во Солун и во Србија, организирале криумчарење на мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Сирија и други земји од Блискиот и Далечниот исток.

Мигрантите биле илегално префрлани од Грција во Македонија преку илегални премини на т.н.„зелена граница“ во околината на Гевгелија и Демир Капија, од каде потоа со помош на водичи т.н.„качаци“, координирано се доведувале на претходно утврдени и договорени локации. Од овие локации по насоки на организаторот на организираната криминална група А.Б., другите членови на групата ги преземале мигрантите, по што со патнички и товарни моторни возила ги превезувале до претходно договорените локации во Кумановско-липковскиот регион, за потоа да бидат натаму криумчарени преку територијата на Србија кон државите на ЕУ.

На ист начин криумчареле мигранти од Србија, преку илегални премини на т.н.„зелена граница“ во околината на Кумановско-липковскиот регион кон подрачјето на Гевгелија. Овие мигранти биле со потекло од Индија, а претходно биле илегално влезени и престојувале во Србија.

На организаторот на криминалната група А.Б. му биле исплаќани пари преку брз трансфер на пари „RIA“ и „WESTERN UNION“, како и „на рака“, а цената на транспорт по лице изнесувала од 600 до 800 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...