fbpx

Кусото приведување на Грета Тунберг не било инсценирано од медиумите

-

Грета Тунберг беше приведена на 17 јануари во западна Германија, каде неколку дена по ред имаше протести против проширување на рудник за јаглен. На снимка која беше објавена од нејзиното приведување, се гледа како германската интервентна полиција ја носи 20-годишната Тунберг. Откако ја однесоа, Грета насмеана им позирала на насобраните фоторепортери додека еден полицаец ја држи за рака. Портпаролот на полицијата во Ахен за Билд изјавил дека приведувањето на Тунберг  не било инсценирано: „Полицајците дефинитивно не позираа таму. Вие ја завршивте вашата задача. И поради тоа, тие мораа да почекаат“. Портпаролот на полицијата во Ахен и во изјава за сервисот за проверка на факти на Ројтерс изјавил  дека приведувањето на активистката не било инсценирано, нагласувајќи дека тие „не се статисти“ за Грета Тунберг, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук тврди дека неодамнешното приведување на климатската активистка Грета Тунберг во западна Германија било лажирано и инсценирано од медиумите. Ова не е точно.

Погледнете како глобалните манипулатори преку своите медиуми пренесуваат лажни вести, Се разбира и кај нашите македонски “информативни“ медиуми ако може да се наречат такви, нема да ја најдете оваа информација, бидејќи тие се платени да ги пренесуваат оние поинакви “вистински“ информации..Нити “М“ од медиуми…

Постот споделува напис „Погледнете како го лажираа апсењето на Грета Тунберг – протече видео“ во кој се изнесени многу навреди за младата активистка. Во написот има и видео на кое се гледа како полицајците кои ја носеле Тунберг позирале пред камерите на новинарите. Но, тоа не значи дека нејзиното приведување било инсценирано, а тоа го потврдууваат токму светските медиуми кои известувале за настанот, Ројтерс, Билд и германската агенција ДПА.

Грета Тунберг беше приведена на 17 јануари во западна Германија, каде неколку дена по ред имаше протести против проширување на рудник за јаглен. На снимка, која беше објавена од нејзиното приведување, се гледа како германската интервентна полиција ја носи 20-годишната Тунберг. Откако ја однесоа, Грета насмеана им позирала на насобраните фоторепортери додека еден полицаец ја држи за рака. Полицијата порача дека Грета не е уапсена и дека ќе биде пуштена веднаш штом ќе ѝ го проверат идентитетот.

Полицијата за Ројтерс изјави дека Грета е приведена во моментот кога групата демонстранти „тргнала кон окното“ на рудникот Гарцвајлер 2. Наведоа дека сите демонстранти ќе бидат пуштени кога ќе им се утврди идентитетот. Полицијата објави и дека еден маж скокнал во окното, пренесе МКД.мк. Рудникот Гарцвајлер 2 се наоѓа околу 9 километри од селото Лицерат.

Селото, кое е во сопственост на енергетскиот џин РВЕ, сега ќе биде урнато за да се направи место за планираното проширување.

По ова, на социјалните мрежи почнаа да кружат тврдења дека апсењето на Тунберг било инсценирано од медиумите. Ројтерс ги демантира ваквите тврдења.

Ројтерс не организира новински настани – и ние не го сторивме тоа во овој случај. Имаме строга политика против инсценирање, како и објавување фотографии или видео од сцени изведени од други новински организации. Посветени сме на доставување точни и веродостојни вести, како што налагаат принципите за доверба на Томсон Ројтерс, изјави портпаролот на Ројтерс.

Ројтерс ја пренесува и изјавата на портпаролот на ДПА, чиј фотограф, исто така, бил на местото на настанот. Портпаролот на се осврнал директно на тврдењата дека тоа е „инсценирано од медиумите“, но му дал изјава на Ројтерс во која се раскажува текот на настаните. Оттаму рекле дека Тунберг и другите демонстранти „ја напуштиле дозволената демонстративна рута“ кон рудникот, и дека полицијата потоа ги опколила и ги одвела демонстрантите кои не соработувале доброволно за да ги идентификуваат.

Германскиот медиум Билд, исто така бил на местото на настанот и во изјава за Ројтерс испратил линк од напис во кој известувачот на Билд, Михаел Енгелберг, раскажува што се случило.

Грета беше на пат со други активисти на протест тој ден. Некои од учесниците потоа тргнаа кон отворениот рудник. Таму групата беше опкружена од полицајци непосредно пред работ на окното. Активистите седнаа заедно на подот, пееја. Набргу потоа, полицијата издаде соопштение во кое се велеше дека секој што сака да ја напушти групата може да ја напушти без да се идентификува. По три барања групата луѓе почна да се расчистува, раскажува новинарот Енгелберг во написот објавен на Билд.

Откако полицијата ја одвои Грета од групата, двајца полицајци ја одведоа во полицискиот парк со приколки, продолжува тој.

Меѓутоа, таму веќе беше преполно со други климатски активисти кои требаше да ги дадат своите лични податоци. Потоа полицајците ја вратија Грета назад. Така беше направена оваа слика и тие останаа таму неколку минути, со друга активистка од неа лево, раскажува репортерот.

Кристоф Хулс, портпарол на полицијата во Ахен за Билд изјавил:

Немаше инсценација. Полицајците дефинитивно не позираа таму. Вие ја завршивте вашата задача. И поради тоа, тие мораа да почекаат.

На многу очевидци и корисници на Интернет им изгледа чудно тоа што Тунберг се насмевнува за време на пресметката со полицајците. Причината за ова е нејасна, додава новинарот на Билд.

Портпаролот на полицијата во Ахен и во изјава за сервисот за проверка на факти на Ројтерс, изјавил  дека приведување на Тунберг не било инсценирано, нагласувајќи дека тие „не се статисти“ за Грета Тунберг.

Портпаролот на Тунберг одби да ги коментира онлајн тврдењата дека инцидентот е инсцениран, пишува Ројтерс.

Од сето ова може да се заклучи дека приведувањето на Тунберг на протестот во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија не било лажирано, а тоа го потврдуваат медиумите кои го покривале настанот,  како и полицијата во Ахен. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...