fbpx

Приведени над 1.300 учесници во антивоените протести во Русија

-

Повеќе од 1.300 луѓе беа приведени вчеравечер во Русија поради антивоените протести што се одржуваа низ целата земја, јави Си-Ен-Ен.

Дел од демонстрантите беа резервисти што треба да бидат мобилизирани. Рускиот претседател Владимир Путин вчера претпладне објави делумна мобилизација.


Од видео снимки и фотографии што беа објавува се гледа како полицијата ги разбива демонстрантите во повеќе градови, а од видео материјал направен во центарот на Москва се гледа како полицијата одвлечкува некои демонстранти. Слична беше ситуацијата и во Санкт Петербург, каде на протестот се извидкуваше „нема мобилизација“.

 

Според независната мониторинг група ОВД-Инфо, полицијата привела демонстранти во 38 градови во Русија.


Портпаролката на групата, Марија Кузњецова, во телефонски разговор со Си-Ен-Ен изјави дека во најмалку четири полициски станици во Москва, некои од демонстрантите уапсени за немири од полицијата,биле директно регрутирани во руската војска.

Инаку, вчера откако Путин ја објави мобилизацијата, во експресно краток рок се продадоа сите билети на рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ за летовите до Истанбул, Ереван, Белград, а потоа и летовите на приватни авиокомпании што летаат во земји каде Русите може да влезат без виза.

По објавата на мобилизација во Русија, за многу кратко распродадени авионските билети за Истанбул, Ереван, Белград

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...