fbpx

Ковачевски на Колумбија Универзитетот кажа дека Северна Македонија е пример како сѐ се решава со дијалог

-

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски одржа предавање на реномираниот Универзитет Колумбија во рамките на Форумот на светски лидери. Во фокусот на предавањето беше уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата.

„Пред само еден месец, прославивме 31 година од нашата независност, суверенитет и развој како независна држава по распадот на поранешна СФРЈ. Северна Македонија ја стекна својата независност по мирен пат спроведувајќи ја својата специфична политика за зачувување на стабилноста на земјата преку изнаоѓање на решенија преку дипломатски напори. Во 1991 мирно излеговме од Југославија и тоа беше направено на лидерството што го имавме во тоа време за тоа што знаете, не беше лесно практично да се преговара со режимот на Милошевиќ во тоа време. Не беше возможен мирен распад, но во нашиот случај тоа беше успешно“, рече премиерот.

Сите коалициски Влади, продолжи тој, што стапуваа на власт имаа барем еден коалициски партнер од албанската етничка заедница што ја имаме во државата, тоа е важна затоа што албанското малцинство е најголемото малцинство во нашата земја.

Зборувајќи за цената на гасот и цената на електричната енергија, рече дека тие не треба да не стават на погрешната страна на историја затоа што ова ќе мине а историјата се суди од временска перспектива од 50 до 100 години.

„Во поглед на економијата се соочуваме со предизвик, треба да имаме различни енергетски извори, затоа што во моментов се зависни од рускиот гас како и поголемиот дел од Европа. Во Европа има три групи на земји, едни кои целосно се потпираат на рускиот гас, втората група тоа кога се движите кон Југозападот, група која што е помалку зависна од рускиот гас и кога одите во Шпанија, Португалија може да видите дека нема зависност од рускиот гас“, рече Ковачевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...