Лажна фотографија од наводно апсење на Трамп се шири на социјалните мрежи

Фотографијата која е дел од постот кој го рецензираме претставува графички изменета фотографија која што се шири на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа

-

Не е уште познато дали ќе гледаме фотографии од полициски службеници во Мар а Лаго, во домот на Трамп во Флорида, но, засега, фотографијата која е дел од постот кој го рецензираме претставува графички изменета фотографија која што се шири на социјалните мрежи, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

20.03.2023 Трамп е уапсен. Ова сигурно е идеја на Кенеди. Да видиме што ќе изложат сега. Овој човек го гласаа 80 000 000 американци и го следи скоро цела планета.

Во склоп на објавата се споделува и фотографија на која се гледа Трамп опкружен со полициски службеници и таа фотографија наводно треба да го „претставува неговото апсење“.

Меѓутоа, фотографијата на која се гледа како Трамп е наводно апсен е графички изменета односно претставува фотомонтажа. Како што пишува и Форбс, виралните фотографии на кои се гледа како Трамп е уапсен се комплетно лажни засега. Датумот на оваа рецензија е 20 март а датумот кога се објавени фотографиите кои се дел и од постот кој го рецензираме е 19 март 2023. До 20 март 2023 Трамп не беше уапсен. Форбс ја анализира фотографијата и забележува дека со нејзиното графичко менување се направени грешки во делот на дланките и прстите, но и забележува дека со програмите за дигитално менување на фотографиите честопати им се додаваат на луѓето и повеќе заби отколку што треба.

Форбс забележува дека со вештачка интелигенција се креирани и фотографии од Трамп во затвор, односно „фотографиран пред да биде примен во ќелија“, кои, исто така, се лажни.

Овие фотографии станаа вирални и реални за голем број луѓе затоа што самиот Трамп најави дека ќе биде уапсен во вторник, иако уште не е јасно дали е во право или не.

„Водечкиот републикански кандидат и поранешен претседател на САД ќе биде уапсен во вторник идната недела. Протестирајте, вратете си ја нашата нација!“, напиша Трамп  на 18 март на социјалните мрежи.

Според Дојче Веле, државниот обвинител на Њујорк води истрага против Трамп за плаќање мито на порно актерката Сторми Дејниелс за таа да молчи за аферата која наводно ја имале заедно со Трамп, а њујоршкото обвинителство размислува околу можноста да покрене обвинение по таа основа. Трамп тогаш би бил првиот поранешен претседател на САД обвинет за сомневање дека извршил кривично дело, пишува Дојче Веле.

Не е уште познато дали ќе гледаме фотографии од полициски службеници во Мар а Лаго, во домот на Трамп во Флорида, но, засега,фотографијата која е дел од постот кој го рецензираме претставува графички изменета фотографија која што се шири на социјалните мрежи.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како пост во кој е графички изменета содржината. Не е точно дека на 20 март Доналд Трамп бил уапсен.

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги нудат домашните...

Огромен број граѓани на протестот во Белград, пристапот до Собранието отежнат, силно полициско присуство

Додека протестот во Белград се разгорува, атмосферата останува напната, пишува српски Данас.рс. Студентите во блокада, кои го повикаа протестот, објавија дека главниот собир ќе се одржи пред Собранието на Србија, како...

Мицкоски не очекува прелевање од Србија, но подготвен е да помогне ако некој побара помош

Нашата домашна задача е наша домашна задача, а домашната задача на другите земји си е нивна домашна задача, рече премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во врска со големиот...

Напната атмосфера во Белград – распоредена полиција, но и воени ветерани, има инциденти

Реки луѓе се слеваат кон центарот на српскиот главен град, додека големиот се интензивира, а во градот се распоредени големи полициски сили. Денес во 16 часот ќе започне протестот пред Народното...

Саем за образование: Поттик за избор на домашни високообразовни установи и успешна кариера во земјата

Во Скопје денеска и утре е во тек Саемот за образование, на кој учениците, студентите и родителите имаат можност да се запознаат со академските и професионалните можности што ги...