fbpx

Кундерс им пиша на лидерите: Не се исполнети минимални услови за кредибилни избори

-

Холандскиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, Берт Кундерс, упати писмо до лидерите на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, во кое се изразува сериозна загриженост за состојбата во Македонија и се бара итно наоѓање решение од политичката криза преку целосно спроведување на договореното.

„Како претседавач со Советот на Европската Унија и долгорочен поддржувач на вашата земја, Ви пишувам Вам и на другите потписници на Договорот од Пржино за да ја изразам мојата сериозна загриженост поради политичката ситуација. Меѓународната заедница останува цврсто посветена на тоа да им помага на партиите кои се инволвирани. Но, целосната и безусловна имплементација на Договорот, кој заедно го потпишавте, и итните реформски приоритети се фундаментални за евроатланската иднина на вашата земја. Не постојат алтернативи и скратени патишта во врска со тоа. Затоа од витално значење за стабилноста на вашата земја и за просперитетот на вашите граѓани и на Вашите колеги, политичките лидери, да најдете излез од тековната криза“, вели шефот на холандската дипломатија.

Во писмото се наведува дека целосно ја поддржува изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан дека прекршувањето на Договорот од Пржино ќе има сериозни последици, но и за евроинтеграциските процеси на Македонија.

Холандскиот министер вели дека политичките лидери се одговорни за справувањето со сегашната криза и додава дека постојат два елемента кои мора веднаш да бидат адресирани.

„Прво, минималните услови за веродостојни избори, кои во јануари-февруари ги утврдија ЕУ и САД, не се исполнети: 1. прочистување на избирачкиот список; 2. реформи во медиумите кои ќе обезбедат балансираност; 3. одвојување на партијата од државата и ставање крај на заплашувањето на гласачите. Слободните, фер и инклузивни избори се круцијални за Договорот од Пржино и се неопходни за демократската иднина на земјата. Овие критериуми мора да се исполнат, без понатамошно одложување.

Второ, мора веднаш да се повлече одлуката на претседателот за аболиција за да му се овозможи на Специјалното јавно обвинителство без пречки да си ја врши работата“, стои во писмото на Кундерс.

Во него се повикуваат „сите страни да работат на отповикување на одлуката за аболиција бидејќи гонењето на наводни престапи и на криминал е основен принцип на отчетноста и на владеењето на правото“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...