сабота, 6 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: Берт Кундерс | 18 резултати

Кундерс: Да се смират тензиите и вербалната агресија и да се почитува мнозинството

март 6, 2017

Министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс, денеска повика на смирување на тензиите и на почитување на парламентарното мнозинство во Македонија, но и ЕУ да покаже единство, јавува „Дојче веле“. – Голема е загриженоста поради состојбата во Македонија. Сметам дека мора да постои почитување на парламентарното мнозинство и мора да се нагласи важноста на […]

Видеопорака на Кундерс: Македонија е на крстопат, излезете и гласајте за својата иднина

декември 7, 2016

За да се доближат до Европа, македонските гласачи треба да се заложат за владеење на правото, за слободни медиуми и против корупцијата, вели во видеопорака министерот за надворешни работи на Холандија, Берт Кундерс. Тој ги повика македонските гласачи на 11 декември да излезат на гласачките места и да донесат одлука за иднината на земјата. „Холандија […]

Холандија изрази сочувство за жртвите од поплавите

август 10, 2016

Холандскиот mинистер за надворешни работи, Берт Кундерс вчера му прати писмо со сочувство на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по повод разорните поплави во и околу Скопје и Тетово. „Во име на Холандија, би сакал да го искажам своето искрено сочувство до владата и народот на Република Македонија. Нашите мисли се со оние кои […]

Одложена расправата за Македонија во Брисел, Кундерс повика на консензус на сите партии

мај 23, 2016

Советот за надворешни работи на Европската унија ја одложи расправата за состојбата во Македонија за 20 јуни, бидејќи министрите на Германија и Велика Британија, кои побараа да се дискутира ова прашање, не биле присутни на крајот на состанокот. Велика Британија и Германија претходно побараа ова прашање да се најде под точката „разно“ на денешниот состанок […]

Кундерс им пиша на лидерите: Не се исполнети минимални услови за кредибилни избори

мај 5, 2016

Холандскиот министер за надворешни работи, чија земја претседава со ЕУ, Берт Кундерс, упати писмо до лидерите на политичките партии потписници на Договорот од Пржино, во кое се изразува сериозна загриженост за состојбата во Македонија и се бара итно наоѓање решение од политичката криза преку целосно спроведување на договореното. „Како претседавач со Советот на Европската Унија […]

Ципрас: Неопходен е заеднички одговор на бегалската криза

февруари 15, 2016

Ситуацијата со бегалската криза е тешка и бара соработка на европско ниво за да се реши причината за проблемите, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас. Грчкиот премиер, на средбата со холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, рече дека е неопходен заеднички одговор на бегалската криза и оти е потребно да се решат причините што довеле до неа, […]

Кундерс: Македонија нема да биде жртва на бегалската криза

февруари 14, 2016

Кралството Холандија ќе ја поддржи Македонија во справувањето со кризата, изјави шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, при посетата на прифатниот транзитен центар во Гевгелија. Кундерс, исто така, рече дека земјите-членки на ЕУ, заедно со Македонија и со другите земји од регионот, треба најдат заедничко решение за бегалската криза и оти границите треба да останат […]

Груевски: За ВМРО-ДПМНЕ е важно изборите на 24 април да бидат фер и демократски

февруари 14, 2016

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс, со кој разговарал за актуелната политичка состојба, односите меѓу двете држави и за интеграциските процеси на Македонија. Како што соопштуваат од партијата, Груевски посочил дека претстојните избори на 24 април се неопходни поради излез од наметната политичка […]

Кундерс: Договорот од Пржино целосно да се спроведе и да се поддржи работата на СЈО

февруари 14, 2016

Европа го поддржува Договорот од Пржино и тој мора целосно да се спроведе, изјави денеска во Скопје шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, по средбата со министерот за надворешни работи Никола Попоски. – Вие подобро од мене знаете колку е важно да се има фер и кредибилни избори, прoчистен список и еднаков пристап кон медиумите. […]

Шекеринска: Со уште едни криминални избори, кризата ќе се продлабочи

февруари 14, 2016

Делегација на СДСМ, предводена од заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, денеска имаше работен појадок со шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс. На средбата, како што соопштуваат од партијата, се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, како и за мигрантската криза. – Поради изборните измами и манипулации на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ, почна политичката […]

Иванов: Статус кво состојбата во евроатлантските интеграции не смее да продолжи

февруари 14, 2016

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, денеска го прими министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс. На средбата било разговарано за билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ и во НАТО, како и за актуелните состојби со мигрантската криза. – Република Македонија останува посветена на заложбата за почеток на пристапни преговори со ЕУ […]

Попоски – Кундерс: Потребна е соработка и заедничко решение за кризата

февруари 14, 2016

Потребно е заедничко решение и координирање на напорите за решавање на бегалската криза, заклучија вчера во Скопје министрите за надворешни работи на Македонија и на Кралството Холандија, Никола Попоски и Берт Кундерс. Попоски рече дека во интерес на Македонија е да соработува со земјите од соседството, но и со сите што на билатерално или на европско […]

Шефот на холандската дипломатија Кундерс во посета на Македонија

февруари 14, 2016

Холандскиот министер за надворешни работи, Берт Кундерс, денеска во Скопје ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски, и со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов. Како што соопштија од МНР, главна тема на разговорите ќе биде справувањето со мигрантската криза, претседавањето на Холандија со Советот на ЕУ и евроинтеграциите на Македонија, како […]

В недела шефот на холандската дипломатија, Кундерс, доаѓа во Скопје, на пат за Атина

февруари 12, 2016

Шефот на холандската дипломатија, Берт Кундерс, в недела ќе ги посети Македонија и Грција, соопштија од холандската амбасада, чија земја претседава со ротирачкото претседателство на Европската унија. На средбите со македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, и со грчкиот премиер, Алексис Ципрас, ќе стане збор за бегалската криза и за можностите за подобра соработка меѓу земјите од западнобалканската рута. […]

Страна 1 од 1