fbpx

Жбогар: На земјата ѝ треба коалиција посветена на реформите

-

Амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Самуел Жбогар, при посетата на Радовиш, изјави дека на Македонија ѝ треба коалиција за реформи и поради тоа, смета дека нема да биде проблем да бидат собрани потписите за мнозинство за формирање нова влада.

Жбогар за средбата со претседателот Ѓорѓе Иванов рече дека била „нормална средба по завршување на изборниот процес“.

– Тоа беше нормална средба што следува по завршувањето на изборниот процес. Имаше еден обид да се формира влада. Исто така, претседателот имаше консултации со претставниците на политичките партии, кои ги советуваше што е потребно за да го даде мандатот на следната личност – изјави Жбогар.

Евроамбасадорот најави дека Европската Унија ќе го следи процесот на составување нова влада.

– Сите политички партии треба да бидат длабоко посветени на агендата на ЕУ. Ние мислиме дека нема да биде тешко да се обезбедат 61, па дури и повеќе од 61 потпис и новата влада да биде посветена кон реформите, а тоа е важно за целата земја. Токму поради тоа мислам дека нема да биде тешко да се соберат потписи за коалиција за да се спроведат реформите на Европската Унија – порача Жбогар.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...