fbpx

Зеленски не побегнал од Украина и не се обидува да се сокрие

Точно е дека Зеленски во изминатиот период посети неколку европски земји, по што присуствуваше и на самитот на Г7 во Јапонија. Но, Зеленски по турнејата се врати во Украина

-

Зеленски во изминатиот период посети неколку европски земји, по што присуствуваше и на самитот на Г7 во Јапонија. За време на својата турнеја, тој се обиде да обезбеди поголема политичка и воена поддршка за одбраната на својата земја од Русија. Но, Зеленски по турнејата се врати во Украина. Тој, како што може да се види на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, веднаш ги посетил војниците во регионот на Донецк, а дополнителен доказ е и неговото видеообраќање, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Пост на Фејсбук шири манипулативно тврдење дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски се обидувал да ја напушти Украина.

Патувачкиот циркус се плаши за својот живот?!! Замислете ова мало човече не знае каде да се скрие! Можеби може кај нашата црпка брат му по памет!!!…, стои во објавата која ја анализираме.

Постот споделува и текст со бомбастичен наслов „Ударно: По заканите од Москва, Зеленски нема да се врати во Украина“.

Текстот, наведувајќи ги низата патувања на Зеленски, поставува теза дека тој се плашел да се врати во Украина откако „украинските беспилотни летала се обидоа да го нападнат Кремљ“.

Мај стана месец на активно патување за претседателот на Украина. На 3 мај, Владимир Зеленски тргна на турнеја низ Европа, почнувајќи со ненадејно патување во Финска и продолжувајќи со посети на други европски земји како Холандија, Германија, Франција и Британија. Во одреден момент, бркотницата на украинскиот лидер низ Европа почна да покренува прашања: Дали Зеленски се плаши да се врати во Киев откако украинските беспилотни летала се обидоа да го нападнат Кремљ?…, стои во текстот споделен во објавата што ја анализираме.

Точно е дека Зеленски во изминатиот период посети неколку европски земји, по што присуствуваше и на самитот на Г7 во Јапонија. За време на својата турнеја, Зеленски се обиде да обезбеди поголема политичка и воена поддршка за одбраната на својата земја од Русија.

Но, Зеленски по турнејата се врати во Украина. Тој, како што може да се види на официјалната веб-страница на претседателот на Украина, веднаш ги посетил војниците во регионот на Донецк. Дополнителен доказ е неговото видеообраќање и обраќањето во писмен формат, во кое вели:

Денес бев во регионот Донецк, на нашите фронтови кај Вуледар и Маријинка. Имав чест да им честитам на нашите маринци за нивниот професионален празник, Денот на украинските маринци.

На официјалната веб-страница на претседателот на Украина се наведува дека текстот е објавен на 23 мај во 22:24 часот. Видеото е објавено на истиот датум и судејќи според средината во кое е снимено (како и претходните видеа), се чини дека станува збор за претседателската палата во Киев.

Од ова можеме да заклучиме дека Зеленски е во Украина и не избегал од својата земја. Поради тоа, постот што го анализираме го оценуваме како невистинит.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

За третина од светското население климатските промени се предизвик, но не треба да бидат приоритет на владите

Третина од светската популација верува дека климатските промени се еден од најголемите глобални предизвици, но многу помалку веруваат дека ова прашање треба да биде приоритет за нивните влади, се...