fbpx

Општините не ја сфаќаат родовата еднаквост сериозно, буџетот за активности е речиси нула

За ЕУ интеграциските процеси и тоа колку родовата еднаквост е важна како предуслов за напредокот на земјава на патот кон ЕУ, познавањата се минимални и во општините воопшто не се сфаќа сериозно нужната потреба од унапредување на родовата еднаквост на локално ниво

-

Општините сè уште недоволно сериозно ја сфаќаат работата на тема родова еднаквост, а буџетот за реализација на активностите во оваа насока е речиси нула или пак се одвоени минимални средства. Жените ги нема во процесите на донесување одлуки во месните заедници, ретко се јавуваат како раководителки на сектори или одделенија во општините, а во општинските Совети се застапени исклучиво исполнувајќи го законскиот минимум од 30 отсто.

Ова се заклучоците што денеска ги сподели Рурална Коалиција на завршниот настан во рамки на проектот „Со европско знаење до подобрена родова еднаквост во локалната заедница“.

Комисиите за еднакви можности не изработуваат програми за родова еднаквост, не одржуваат редовни седници, а координаторите за еднакви можности се лица кои што по систематизација се вработени на други работни места, па задолженијата во делот на родовата еднаквост им се дополнителни обврски.

„Низ проектните активности имавме можност од блиску да се запознаеме со работата на Комисиите за еднакви можности, но и да утврдиме колку блиску или колку далеку се општините од ЕУ интеграциските процеси кога говориме за родовата еднаквост и нејзиното практикување во локалната заедница. Изработивме родова анализа на шесте општини вклучени во проектот, направивме родови карти, како и 6 мониторинг извештаи за работата на општините и Комисиите за еднакви можности“, велат од Рурална Коалиција.

За ЕУ интеграциските процеси и тоа колку родовата еднаквост е важна како предуслов за напредокот на земјава на патот кон ЕУ, познавањата се минимални и во општините воопшто не се сфаќа сериозно нужната потреба од унапредување на родовата еднаквост на локално ниво.

„Она што е клучно да се преземе во периодот кој што ни следува е едукација и јакнење на свеста за практикувањето на родовата еднаквост и рамноправност како кај локалното население, така и кај членовите на Комисиите за еднакви можности и членовите на Советите на општините, редовна изработка на годишни програми за родова еднаквост со буџетски алокации, како и редовна изработка на годишните извештаи за унапредување на еднаквите можности на жените и мажите до Министерството за труд и социјална политика кои што во половина од општините сега не се исполнуваат иако се законска обврска согласно Законот за еднакви можности, како и создавање на институционална меморија за работењето на комисиите, но и воведување на родово-одговорното буџетирање како алатка за креирање на локалните политики“, велат од Рурална Коалиција.

На денешниот настан беа презентирани резултатите од 15-месечната работа на процесите за унапредување на родовата еднаквост во локалната заедница во вкупно 6 пилот општини: Кичево, Пласница, Гостивар, Врапчиште, Прилеп и Кривогаштани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...