fbpx

Во Собранието ќе се дебатира за загадувањето на воздухот

-

Пратеничката група на СДСМ до Собранието поднела информација за загадувањето на воздухот за која пратениците треба да дебатираат, рече пратеникот Стефан Богоев од СДСМ на дебатата „Каков воздух ќе дише Скопје оваа зима?“ во организација на граѓанската асоцијација „Мост“.

– Денеска како пратеничка група до Собранието поднесовме информација за загадување на амбиенталниот воздух во Македонија. На првата наредна собраниска седница, која би требало да биде следната недела, ќе се отвори општа јавна расправа за загадувањето – рече Богоев.

Тој на еколошките здруженија им рече дека опозицијата е отворена за нивните предлози, идеи и иницијативи за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух до опозицијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Борел и Вархеји: Изборите беа демократски спроведени

Во заедничка изјава, потпретседателот на Европската комисија и висок претставник на Европска Унија за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздравуваат...