fbpx

Во Куманово пронајдени фалсификувани евра и денари

-

Кумановската полиција, по добиени информации, во средата оваа недела, во два одделни случаи пронашла фалсификувани евра и денари, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат оттаму, во првиот случај, по издадена наредба од Основниот суд Куманово, полициски екипи извршиле претрес во домот на Б.Џ.(29) во селото Опае, Липковско, каде пронашле и одзеле 10 банкноти во апоени од 50 евра со исти сериски број. При претресот бил запленет и гасен пиштол со четири куршуми.

„По целосно расчистување и документирање на настанот, против Б.Џ. ќе биде поднесена кривична пријава за фалсификување пари и барање за поведување прекршочна постапка по Закон за оружје“, стои во соопштението на МВР.

Во вториот случај, пак, полициски службеници од СВР Куманово во спортската сала во градот пронашле 18 банкноти во апоени од 1.000 денари со ист сериски број. Фалсификуваните пари биле дадени за вештачење во Народната банка, а полицијата презема мерки за целосно расчистување и за документирање на случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Општините не водат сметка колку загадувачи имаат, ниту пак се грижат тие да платат затоа што загадуваат

Во регистарот за Б-интегрирани дозволи на Министерството за животна средина сè уште фигурираат фирми кои некогаш добиле дозвола, но веќе не постојат, а од друга страна, ги нема фирмите...