недела, 16 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: фалсификувани пари | 9 резултати

Албански државјанин пазарел во Струга со фалсификувани евра

3 јуни 2015

Струшката полиција поднела кривична пријава против 34-годишниот В.Џ. од Република Албанија, кој е осомничен дека во продавница во Струга платил со фалсификувани евра. Според полициските информации, осомничениот, кон крајот на минатиот месец, од продавница во Струга купил електроопрема, која ја платил со фалсификувана банкнота од 20 евра. Случајот во полиција го пријавиле вработените во продавницата […]

Прилепчанец разменувал фалсификувани долари во битолска менувачница

14 мај 2015

Битолската полиција поднела кривична пријава против 31-годишниот прилепчанец Ј.А. осомничен дека пуштил во оптек фалсификувани американски долари. Според полициските информации, прилепчанецот го извршил делото за кое се товари кон средината на март годинава, кога во менувачница во Битола разменил шест фалсификувани банкноти во апоени од 100 американски долари. По откривањето на случајот, полициски службеници извршиле […]

Осумнаесетгодишна кумановка осомничена за фалсификување пари

27 февруари 2015

Штипската полиција до надлежното Основно јавно обвинителство поднела кривична пријава против 18-годишна кумановка, осомничена за фалсификување пари, сооопшти полицијата. Како што информираат оттаму, кумановката С.Ц. (18) на 24 јануари годинава, во дискотека во Штип платила со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Случајот го пријавила вработена во дискотеката, а по преземените мерки и по извршеното вештачење, […]

Жители на Горно Јаболчиште купувале бензин со фалсификувани денари

25 февруари 2015

Велешката полиција поднела кривична пријава против Р.З. (37) и Џ.З. (41) од селото Горно Јаболчиште, осомничени за фалсификување пари, соопшти полицијата. Според информациите оттаму, осомничените на почетокот на септември минатата година, на бензинска станица платиле со фалсификувана банкнота од 1.000 денари. Вработените на бензинската го пријавиле случајот во полиција, чии екипи ги пронашле осомничените и при […]

Жител на Бајрамовци пуштил во оптек лажни евра

2 јануари 2015

Дебарската полиција поднела кривична пријава против С.М. (27) од село Бајрамовци, Центар Жупа, осомничен дека пуштил во оптек лажни евро-банкноти. Според полицијата, осомничениот во текот на минатата година набавил и повеќепати пуштил во оптек лажни банкноти во апоени од 50 евра. Полицијата кон средината на декември извршила претрес и во неговиот паричник ги нашла лажните банкноти. […]

Страна 1 од 1