fbpx

Во ковид центрите се лекуваат 649 пациенти и има околу 900 празни болнички кревети

-

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 649 и има околу 900 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти“, се вели во соопштението на ова министерство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 391 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 49 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективното одделение во Тетово има 9 пациенти, во Велес се лекуваат 48 болни, а во Куманово 62 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19.

Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 45 пациенти, во Прилеп 34, во ковид центарот во Гостивар 12, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 35 пациенти, во Кочани 15, во Кичево 3, Кавадарци 18, а во Гевгелија 5 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 17 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Вкупно 258 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало 9 приеми.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 примени пациенти и 6 билe примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Бројот на приеми во ковид центрите во Скопје изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 340 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...