фото: Архива на Мета

Владата, Министерството за економија, Генералниот секретаријат почнаа со објавата на мерките кои произлегуваат од шестиот сет на државна финансиска помош, наменета за едни од најпогодените сектори од ковид-кризата.

Министерот за економија, Крешник Бектеши на прес-конференција истакна дека приоритетен сектор во овие шест мерки до сега се туризмот и угостителството кои до сега беа поддржани преку плати за вработените, бескаматни кредитни линии како и со директни гранотви.

„Со шестиот пакет на економски мерки како Влада имаме за цел поддршка на најпогодените со цел заздравување од пандемијата и враќање на туризмот во нормала. Шестиот пакет на мерки опфаќа седум мерки во вредност од 17,8 милиони евра при што ќе се поддржат илјадници компании кои вработуваат околу 60.000 граѓани. Мерките се дизајнирани по дебата со коморите. Според ДЗС во 2020 во однос на 2019 бројот на туристи намален 60,5 туристи, домашни за 18,3 а кај странските од 84, 4 посто. Ова покажува дека мерката за издавање на ваучери даде ефекти за домашниот туризам,“ рече Бектеши.

Тој додаде дека во тек е евалуација на барањата на угостителите кои се јавија на повикот кој беше отворен до 10 мај.

Објавени се уште седум јавни повици за естрадни уметници и туристички водичи, ќе се зема предвид месечниот нето-приход кој го имале, а тој треба да биде до 15.000 денари.

„Финансиска поддршка е предвидена за компании, оператори од индустријата за организација на настани, агенции кои организираат настани. Четвртиот повик е за финансиска поддршка за игротеки и приватни детски одморалишта. Петтиот повик за лиценцирани вршители на угостителска дејност, шестиот за регистрирани и категоризирани ресторани за свадба, а седмиот е за лиценцирани туристички агенции
Како основа на поддршката се сметаа просечните месечни приходи остварени во 2019 година.Висината на поддршката се пресметува како износ од 30 отсто од просечниот месечен приход.Дополнително секој регистриран активен субјект, ќе добие финансиска поддршка од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови со пресек на 31.12 2020 година. Кај туристичките агенции износот на средства кои ќе биде доделен ќе биде во зависност од остварениот вкупен приход во 2019, бројот на вработени и видот не лиценцата, а ќе изнесува од 60.000 до 300.000 денари за правен субјект,“ додаде Бектеши.