Владата со деветти пакет антикризни мерки тежок 662 милиони евра

Финансиска поддршка е предвидена за средношколци, студенти, пензионери, јавна администрација и земјоделци

-

Премиерот Димитар Ковачевски денеска одржа прес-конференција, на која што го презентираше деветтиот пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра, кој денеска беше усвоен на владината седница.

„Овој пакет содржи 26 мерки за социјална сигурност, насочени кон таргетирана поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка за надминување на потешкотии во услови на зголемени трошоци на живот, но и во услови на продолжени ефекти од енергетската криза“, изјави премиерот Ковачевски.

Со деветтиот пакет антикризни мерки ќе се опфаќаат 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, 600.000 домаќинства, како и над 70.000 компании.

Со системските мерки за 2023 и 2024 година се опфатени пак над 338.000 пензионери и 106.000 вработени во администрацијата.

Ковачевски додаде дека за мерките наменети за граѓаните, домаќинствата и земјоделците издвоени се во износ од 156 милиони евра.

Во овој пакет мерки, Владата обезбедила поддршка за зголемување на ученичкиот стандард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања, во износ до 50.000 денари.

Над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните шест месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.

Ковачевски информираше дека 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз. Студентите во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра.

„Се грижиме за најранливите, за нивната социјална сигурност. Во наредните 5 месеци по 2.000 денари месечно ќе добиваат корисниците на надоместок заради попреченост, за самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош и за родители на деца со попреченост до 26 години. Со оваа мерка се опфатени 16.741 граѓани, со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра“, изјави премиерот Ковачевски.

Првиот човек на владата најави дека пензионерите со пензија до 14.000 денари во наредните пет месеци ќе добиваат по 3.000 денари месечно, оние со пензија од 14.000 до 16.000 денари по 2.000 денари, додека за пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари. За оваа поддршка се предвидени 35 милиони евра и се опфатени над 187.000 пензионери.

Во делот за земјоделството, со новиот пакет е предвидена авансна исплата на субвенции преку ИПАРД програмата, и тоа за 40.000 земјоделци кои имаат посеви со полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади и кои се занимаваат со сточарството. За оваа мерка предвидени се 8,1 милиони евра.

Владата преку Програмата за енергетска сиромаштија, предвидува 1 милион евра за финансиска поддршка на над 5.000 семејства.

Исто така, предвидени се 1,1 милиони евра за околу 2.250 корисници, за финансиска поддршка на домаќинствата за инвестиции во обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Поточно, поддршката за фотонапонски панели е до максимум 80.000 денари, до максимум 15.000 денари за соларни системи и до максимум 25.000 денари за инсталација на ПВЦ прозорци.

Ковачевски најави продолжување на мерката за субвенционирање на струјата, со што ќе се овозможи субвенционирана цена на електричната енергија за 611.000 домаќинства и 68.000 мали потрошувачи, за што проценката е дека ќе бидат потребни 35 милиони евра.

Ќе продолжи и субвенционирањето на цената на топлинската енергија во Скопје, финансиската поддршка за сметките за струја за домаќинства со ниски приходи, како и зголемениот праг за поврат на ДДВ преку мерката „Мој ДДВ“.

Ковачевски најави и 52 милиони евра кои се обезбедени за зголемувањето на платите во јавниот сектор врз основа на Општиот колективен договор, односно пораст на платата за 10 отсто и исплата на регрес од 10.000 денари за годишен одмор. За истата мерка која предвидува покачување на платите, во 2024 година се предвидени 150 милиони евра.

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија недолични изјави...

Од еден до 85 милиони евра би чинеле решенијата за линданот во Пеленица

Од еден до 85 милиони евра би чинело решавањето на проблемот со токсичниот линдан во Пеленица, покрај Драчево. Единствената депонија со овој пестицид, која е лоцирана надвор од дворот на ОХИС,...

Кривична пријава против полицајка, од главниот магацин во Карпош недостасувала автоматска пушка

Министерството за внатрешни работи (МВР) информираше дека до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднело кривична пријава против А.Д. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично...

Владата ја донесе Програмата за работа за 2025 година

Економското заживување на земјата е наш врвен приоритет, поттикнување на силен циклус на економски раст, подобрување на севкупната транспортна инфраструктура, зголемување на животниот стандард, подобар и поквалитетен живот за секого, квалитетни...

Повторно недоличен говор во Собранието: Од поздрави го татко ти, до миење нозе, па сè до смрт

Во Собранието на Северна Македонија никако да сопре употребата на недоличен говор и навреди меѓу пратениците. Деновиве пратениците Талат Џафери од Европскиот фронт и Ријад Шаќири од ВЛЕН употребија...