fbpx

Уапсени шест лица осомничени за трговија со луѓе на Косово

-

Косовската полиција соопшти дека денеска во Приштина и на Косовско Поле уапсила шест лица осомничени за трговија со луѓе и за незаконско поседување оружје.

Како што се наведува во соопштението, операцијата е изведена синоќа во соработка со албанската полиција и притоа е идентификувана една жртва на трговија со луѓе, државјанка на Албанија.

Во акцијата е одземен и еден пиштол.

На уапсените им е одреден полициски притвор од 48 часа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...