fbpx

Нова попрегледна фактура за електрична енергија

-

„ЕВН Македонија“ ги дистрибуираше новите фактури за потрошена електрична енергија, а до крајот на јануари сите корисници во Македонија ќе добијат нови попрегледни фактури.

Новите фактури имаат нов поедноставен изглед, содржат повеќе инфомации и се поконцизни.

– Во фактурите што корисниците ќе ги добиваат во иднина, наведени се податоци за корисникот и за фактурата, адреса за коресподенција, износот на испорачаната електрична енергија, комуналната такса, евентуалните камати поради задоцнето плаќање, рокот за плаќање на фактурите, износот на заостанатиот долг, детални податоци за старите и за новите состојби и други дополнителни информации – информираат од компанијата.

Целта на новите фактури, како што велат, не е само да се овозможи поедноставен и попрегледен увид во испорачаната електрична енергија на корисниците.

Во рамки на фактурата ќе биде достапен и податок за просечната дневна потрошувачка на корисникот во киловат-часови и во денари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...