fbpx

Бектеши: Проблемот со струјата во Слупчане ќе биде решен, сите граѓани мора да плаќаат

Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената струја, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба, согласно надлежностите кои ги имаме, рече министерот

-

Проблемот со снабдување со електрична енергија во селото Слупчане денеска ќе биде решен, изјави министерот за економија Крешник Бектеши, откако поради неовластено користење на струјата од мештаните, настана дефект на преносната мрежа на струја во неколку села во липковско.

„Сите граѓани мора да плаќаат за потрошената струја, а Министерството за економија ќе помогне во секоја ситуација каде што има потреба, согласно надлежностите кои ги имаме“, рече министерот.

Тој рече дека лично е вклучен процесот за намалување на загуби на електрична енергија во делот на пренос и дистрибуција и во делот на кражбите и им порача на сите граѓани дека електрична енергија мора да се плаќа секаде.

„Како што беше и случајот со Арачиново и со други населени места, секој граѓанин треба да плати за потрошената струја, така функционира и пазарна економија и регулирана економија, бидејќи цената на струјата на електричната енергија е регулирана во нашата земја. Целосно сме посветени загубите да бидат минимални. Од минатата година до сега, со поддршка и на Министерство за економија и другите институции загубите се значително намалени. ЕВН имаат право согласно регулативата да постапат во овие случаи како што има земено обврска да работат на надградба на мрежата со цел подобрување на услугите кои ги даваат на сите граѓани“, кажа министерот Бектеши.

Тој додаде дека разговарал со градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи, дека ситуацијата во Слупчане ќе биде решена и екипите на Електродистрибуција ќе можат непречено да работат на отстранување на дефектите и надградба на дистрибутивната мрежа.

„Ако треба да помогнеме како Министерство за економија ќе помогнеме, за да излеземе во пресрет на жителите не само во Слупчане туку и во другите населени место. Но, морам уште еднаш да кажам дека сите граѓани имаат обврска да плаќаат за потрошената електрична енергија“, повтори Бектеши.

Поради дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на кумановското Слупчане, вчера селото се соочи со прекин во снабдувањето со електрична енергија и блокади од страна на мештаните за влез на екипите на ЕВН. ЕВН, соопшти дека во вчерашните доцни часови, лица од Слупчане насилно и противзаконски отвориле голем енергетски објект во припадност на електродистрибуција во обид сами да го вратат напојувањето со електрична енергија во селото, при што ги оставиле жителите на соседните села, Оризаре, Ваксинце и Лојане без електрична енергија.

Од компанијата денеска информираа дека дефектот во Слупчане ќе се санира за скоро време, по добиените гаранции од страна на Бектеши, кој заедно со градоначалникот на Липково се договорил со жителите да не ги спречуваат екипите на електродистрибуција да работат и да започнат со проектот за реконструкција на мрежа и поставување нови мерни системи кои ќе овозможат точно мерење на електрична енергија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Како порталот Спутник, гласноговорник на Кремљ, известуваше за македонските избори?

Два лајт мотива беа содржани во најголемиот дел од анализите и текстовите за изборите во Северна Македонија низ призмата на проруски Спутник. Првиот е дека С. Македонија има притисоци...