fbpx

Тринаесет училишта попладнево добиле нови дојави за поставени бомби

-

Нови дојави со закана за поставена бомба денеска стасале на електронските адреси на 13 училишта во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи (МВР). По добиените пријави, полициски службеници презеле мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.

„Се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираат во МВР.

Последен пат мејлови со дојави за поставени експлозивни направи имаше пред шест дена, а беа испратени до 15 училишта, хотели, спортски објекти, како и до скопскиот аеродром. Дојава стаса и во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), во хотелите „Александар Палас“ и „Мериот“, во трговски центар „Ист Гејт“, како и во спортската сала „Борис Трајковски“.

Ден претходно, беа испратени рекордни 49 дојави со закани за поставена бомба во основни и во средни училишта. МВР тогаш соопшти дека дојави стигнале до 17 основни и 22 средни училишта во Скопје, како и до 8 основни плус еден клон на училиште и едно средно училиште во Куманово.

Министерот Оливер Спасовски неодамна кажа дека има постојано штаб кој работи на оваа проблематика и не само Одделот за дигитална форензика, туку и сите меѓународни партнери се известуваат во однос на сите овие дојави кои се случуваат во земјата. Тој кажа дека во моментов нема какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба.

Првата дојава се случи на 26 октомври, кога пет училишта експресно се испразнија заради мејл со закана испратен од извесна „Нова ера“.

 

ВМРО-ДПМНЕ и Левица со амандмани против покачување на платите на судиите и обвинителите

ВМРО-ДПМНЕ и Левица денеска со 4.500 амандмани ги блокираа четирите закони кои предвидуваат покачување на платите на судиите и јавните обвинители, како и на судскиот и обвинителскиот совет. Предлог-законите...
Download Best WordPress Themes Free Download
Free Download WordPress Themes
Download Best WordPress Themes Free Download
Download Best WordPress Themes Free Download
lynda course free download
download xiomi firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy free download