fbpx

Спасовски: Нема индиции за нарушување на безбедносната состојба поради дојавите за бомби

-

Наскоро се очекува случајот со електронска дојава за бомба во Кавадарци да биде решен, кажа денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата.

Тој потврди дека денеска имаше повторно дојави за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово и потенцираше дека во моментов немаме какви било индиции за нарушување на безбедносната состојба.

„Околу денешните најави, имаме повторно добиено електронска пошта во неколку училишта и во Скопје и во Куманово. И тоа е стандардната процедура која што е предвидена практично и со упатството и протоколот во однос на ваквите околности кои што за да можеме да извршиме антитерористичка проверка на сите овие објекти. Има постојано штаб којшто работи на оваа проблематика и веднаш не само Одделот за дигитална форензика, туку и сите меѓународни партнери се известуваат во однос на сите овие дојави коишто ги имаме – ги споделуваме информациите и податоците коишто ги имаме со цел за да добиеме помош ако, еве во конкретниот случај што беше со Швајцарија, имавме и САД, имавме Хрватска итн“, рече Спасовски.

Повторно дојави за бомби во Скопје, денеска на мета се и училишта во Куманово

Министерот, како и претеседелот на државата – Стево Пендровски, кажа дека заканите најчесто се испратени преку ВПН конекции и дека не може да се добие една ИП адреса точно од каде е, туку се појавуваат илјадници ИП адреси во светот.

„Таму каде што има можност да се утврди, ги утврдуваме. Таков беше случајот со Скопје. Сега сме веќе на пат и многу блиску да се расчисти целиот случај и во општина Кавадарци така што се преземаат сите можни мерки. Секторот за меѓународна полициска соработка е постојано во комуникација, Интерпол, Европол итн., и постојано се работи на овој дел“, рече Спасовски.

Спасовски очекува деновиве да се одржи и Советот за координација на безбедносно разузнавачките служби на којшто ќе треба да се разменат сите податоци.

„Значи, и АНБ и Агенцијата за разузнавање, Комитетот за борба против тероризмот се со цел да преземаме низа на мерки не само сега конкретно во овој случај, туку генерално во решението на проблемот со тероризмот“, рече министерот за внатрешни работи.

Спасовски рече дека иако дојавите доаѓаат во еден момент антитеростичките единици стасуваат со порверките. Но, министерот истакна дека станува збор за хибридна војна и дека вакви дојави со речиси ист текст на пораките стасува и во други земји.

„Сè што се прави, се прави за граѓаните да бидат безбедни“, рече Спасовски.

Претседателот Стево Пендаровски денес пред панел дискусијата на Меѓународниот балкански универзитет во Скопје рече дека нема потреба за свикување на Советот за безбедност поради зачестените дојави за бомби.

Тој, како  вчера, истакна дека сите надлежни органи се максимално ангажирани и не допуштаат никаква шанса некој да постави експлозивна направа во училиштата.

„Од тоа што го знам, надлежните се постојано на дневна основа активни во однос на тие закани. Постојат два аспекта – кривично правен поради стресот, паниката, стравот што ги предизвикуваат кај децата, родителите, кај сите нас, и таа работа ја тераат надлежните органи. Меѓутоа тоа се ИП адреси кои се најчесто од странство и до кои тешко се доаѓа, како и до луѓето кои ги менаџираат. Сите надлежни органи се максимално ангажирани и не дозволуваат да има каква било шанса некој да постави експлозивна направа во нашите училишта“, истакна Пендаровки.

Пендаровски: Не се очекува ескалација во Косово, а во однос на дојавите за бомби децата во училиштата се безбедни

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...