fbpx

Повторно ќе плаќаме отштета поради штетниот договор за ОКТА – овојпат 21,4 милиони евра

-

Северна Македонија ќе треба да плати над 21,4 милиони евра оштета за непочитување на договорот за ОКТА, пресуди Арбитражниот суд во Париз. Во процесот во кој земјава е тужена страна поради непочитување на обврските произлезени од купопродажниот договор на рафинеријата случен во 1999 година, вкупното оштетно побарување на тужителите, заедно со каматите за периодот од 2008 до 2011 година, било 42,6 милиони евра. Оштетата ја плаќаме poради штетната обврска од договорот земјава секоја година да мора да купи 500.000 тони мазут од грчкиот Хеленик петролеум.

Од Владата денеска информираа дека пресудата на Арбитражниот суд во Париз е пристигната, како и дека во моментов се анализира од страна на адвокатскиот тим од Франција, по што ќе бидат соопштени следните чекори што ќе се преземат. Советникот за енергетика Виктор Андонов рече дека е добро што бараниот износ бил преполовен, како што баралнашиот адвокатски тим.

Купопродажниот договор за рафинеријата ОКТА е случен во 1999 година од Владата предводена од тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски. Еден од најштетните делови е обврската државата да откупува 500.000 тони мазут на годишно ниво и покрај тоа што неговата употреба нема веќе ниту економска, ниту еколошка логика, ниту пак некогаш потребите од овој тип гориво биле толку високи.

Ова е втор процес пред Арбитражата во Париз против С. Македонија за истата обврска, откако во 2009 година исто така изгубивме и бевме принудени да платиме 40 милиони евра. Покрај обврската за откуп на мазут, штетниот договор за продажба на рафинеријата предвидуваше и загарантирана профитна маржа за „ОКТА“ во износ од 29 долари по тон, а како резултат на тоа граѓаните дополнително плаќаа по 1,6 денари за секој купен литар гориво.

Во времето, пак, кога поранешниот премиер Никола Груевски беше министер за трговија беше потпишан анекс на штетниот купопродажен договор со кој грчката компанија доби поволности при увоз на нафта, а нашата земја плаќаше отштета на компаниите „Мамидоил – Џетоил“ поради прекршување на договорот за ексклузивно снабдување на земјава со нафта.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...