fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Заев денеска пак пред суд, продолжува процесот за случајот „Поткуп“

Денеска во Кривичниот суд во Скопје во 10 часот треба да се одржи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев. Заев, како градоначалник на Струмица, се товари дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште. Според адвокатот на одбраната, Филип Медарски, поткупот не е примен,...

„Пуч“ презакажан за 3 мај, Јанева го обвини судот за опструкција

Денешното рочиште за случајот „Пуч“ повторно е одложено бидејќи специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, смета дека не се исполнети условите за одржување главна расправа од судот. Јанева наведе дека на рочиштата не доаѓа сведокот кој е оштетен во случајот „Пуч“. Иако пред новинарите не го кажа сведокот со име и со презиме, јасно е дека станува збор за поранешниот премиер Никола...

Денеска во исто време треба да продолжат судењата за „Пуч“ и за „Диво Насеље“

Денеска во Основниот суд Скопје 1, во исто време, во 10 часот, се закажани рочиштата од судењата за настаните во кумановско Диво Насеље од 9 и од 10 мај минатата година и за случајот „Пуч“, во кој еден од обвинетите е лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Специјалното јавно обвинителство, како што пренесоа дел од медиумите, најверојанто ќе бара одложување на...

ВМРО-ДПМНЕ: Заев не одговараше за криминал благодарение на Црвенковски

„Аболираниот мултимилионер Зоран Заев се круниса во крал на лагите, контрадикциите и на манипулациите. Аболираниот мултимилионер Зоран Заев тврди дека немало демократија, а самиот во сопствена изјава дадена пред камера, не знае точно дали заработил 5 или 6 милиони евра во времето додека ВМРО-ДПМНЕ е на власт“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, по изјавата на претседателот на СДСМ дадена...

Заев: Ќе се обидеме да привлечеме што е можно повеќе неопределени гласачи

СДСМ посветено работи и стои на ставовите за обезбедување фер и демократски избори, рече денеска лидерот на опозицијата, Зоран Заев, на трибина со младите во Битола. - Ги подготвуваме партијата и нашето членство за избори и се надевам дека ќе анимираме огромен број неопределени гласачи, кои ќе се впуштат во поддршка на опозицијата. Ние се надеваме дека ќе дадат поддршка на...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се обидува да го девалвира Уставниот суд

Уште еднаш крајно безобразно и неодговорно, СДСМ се обидува да го девалвира Уставниот суд, државните институции и угледот на Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. Оттаму велат дека „СДСМ секогаш кога е без идеја, посегнува по институциите на државата.“ - На јавноста ѝ е сосема јасно дека ВМРО-ДПМНЕ цврсто стои зад ставот во...

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ има најголем интерес од одлуката на Уставниот суд

Социјалдемократскиот сојуз денеска во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО-ДПМНЕ стои зад одлуката на Уставниот суд, велат од владејачката партија и додаваат дека нивните сомнежи се дека токму СДСМ „има најголем интерес за една ваква одлука“. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложиле измените во...

Груевски најави референдумско гласање на изборите на 5 јуни

По долги консултации и анализи одлуката на ВМРО-ДПМНЕ за поместување на изборите од 24 април на 5 јуни беше со цел не за да го задоволиме СДСМ, туку за да не бидеме погрешно разбрани од нашите граѓани и од оние кои не сакаат Македонија да оди напред, рече вечерва на прес-конференција претседателот на владејачката партија, Никола Груевски. Груевски рече дека...

Ништо повеќе не зависи од „лажниот патриот Груевски“, порача Заев

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција изјави дека одлуката за одложено распуштање на Собранието е уште еден доказ за пораз на Никола Груевски. - Одлуката на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ за одложено распуштање на Собранието е уште еден пораз за Никола Груевски. После сите лаги, измами, инаетења, со денови криења од јавноста, Никола Груевски ја призна својата одговорност. Нема услови...

Заев: Договорот од Пржино е единствениот излез од политичката криза

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во придружба на заменик-претседателката Радмила Шекеринска и на пратеничката и потпретседателка на Собранието, Рената Дескоска, попладнево се сретнал со известителите на Комисијата за почитување на обврските и на заложбите на земјите-членки на Советот на Европа. На средбата се разговарало за актуелната политичка ситуација во Македонија, спроведувањето на Договорот од Пржино и за потребата од негова...

Заев: Јас дишам за фер и демократски избори

Сите лица што моментално се во притвор да се ослободат, побара лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната граѓанска дебата за слободно општество и за социјална правда, што се одржува во „Холидеј ин“ во Скопје. Тој праша зошто ситни криминалци се во притвор кога осомничени за злосторничко здружување се на слобода. Според него, одлуките на Кривичниот суд кои се однесуваат на...

Пломп: Реакциите на интервјуто со Латас ја покажуваат важноста на медиумите

Холандскиот амбасадор Ваутер Пломп денеска за „Мета“ изјави дека вчерашното интервју на лидерот на опозицијата, Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, е доказ за важноста на медиумите за демократијата во Македонија. „Огромниот број реакции по синоќешното интервју ја докажува уште еднаш важноста на медиумите за демократските процеси во државата и нивното значење...

Совет на честа: Латас ја дискредитираше целата новинарска бранша

И покрај тоа што Драган Павловиќ - Латас не е член на Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ), Советот на честа се дистанцира од неговото однесување синоќа во текот на интервјуто на „Сител“ со Зоран Заев, затоа што така ја дискредитира целата новинарска бранша и создава искривена слика за неа во македонската јавност, реагираат од ЗНМ. „Во својот настап, Павловиќ ги прекрши членовите 10,...

Совет на етика: Латас ја злоупотреби функцијата новинар, уредник и домаќин

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), по вчерашниот разговор во информативната емисија на „Сител“ во 19 часот, изрази сериозна загриженост поради непрофесионалното однесување на главниот и одговорен уредник, Драган Павловиќ – Латас, и непристојниот и несоодветен третман кон гостинот Зоран Заев. Од Советот за етика во медиумите велат дека служењето со дискриминаторен речник, потценувачкиот и арогантен пристап, како...

Агенција за медиуми за Латас: Непримерен начин на комуникација, кавга и навреди

Наместо интервју во кое различните гледишта и мислења ќе добијат еднаков третман, со што публиката ќе може слободно да оформи сопствено мислење за актуелните општествено-политички теми, гледачите видоа непримерен начин на комуникација, кавга и навреди, реагираат од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за односот на уредникот на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, во интервјуто со претседателот на...

„Цивил“ изразува згрозување од крајно дрскиот, непрофесионален и неетички настап на Латас

Невладината организација „Цивил“ изразува згрозување од „крајно дрскиот, арогантен, непрофесионален и неетички настап на главниот уредник на телевизија „Сител“, Драган Павловиќ - Латас, кога во програмата беше поканет опозицискиот лидер Зоран Заев“. - Во својот монолог, Латас во целост ги разобличи своите сопствени позиции на послушник на власта. Притоа, уредникот на оваа телевизија со национална концесија ги откри и своите националистички...

СДСМ: Граѓаните ја видоа вистинската слика на режимските медиуми

Вечерва сите граѓани во Република Македонија се уверија како работат режимските медиуми, како изгледа гостување во режимска телевизија уредувана од страна на Груевски и на неговите платеници, реагираат од СДСМ на вечерашното интервју на лидерот на партијата Зоран Заев, со главниот и одговорен уредник на телевизијата „Сител“, Драган Павловиќ - Латас. „Доминирањето на некултурата, вулгарностите, говорот на омраза кон тие...

Во дуелот Заев – Латас настрада новинарството

Гостувањето на Зоран Заев на приватната и провладина телевизија „Сител“ кај уредникот Драган Павловиќ - Латас мина во директни напади и закани врз лидерот на СДСМ и во обид да се испровоцира напуштање на студиото. Имаше малку нови информации од интерес за гледачите, а повеќе дуел со ниско професионално и новинарско ниво. Единствената вест која е нова, а ја соопшти Заев,...

Заев за „Ал Џезира“: Изборите да се одржат на почетокот од летото

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „Ал Џезира Балканс“ вели дека нема никакви шанси опозицијата да излезе на избори на 24 април. - Две се клучни причини за ваквата најава. Прво е избрачкиот список, кој не е прочистен и на него се наоѓаат мртви и избирачи пријавени по двапати, а такви, според информациите што ги има опозицијата, се повеќе од 100.000...

Заев во Илинден: СДСМ ќе ја добие честа да ја води државата

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, заедно со членовите на извршниот одбор на партијата, Пеце Мирчески и Тања Ковачев, денеска ги посетија жителите на општина Илинден. За време на средбата, граѓаните, како што се наведува во соопштението од партијата, се пожалиле дека само 90 од 2.500 куќи во селото се приклучени на пречистителна станица, оти сè уште не им е решен проблемот...

Ковачевски повика на внатрепартиски избори: Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Денешниот резултат е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар - не само од граѓаните, туку и од симпатизерите и поддржувачите на партијата, истакна вечерва на прес-конференција претседателот...