fbpx

Заев денеска пак пред суд, продолжува процесот за случајот „Поткуп“

-

Денеска во Кривичниот суд во Скопје во 10 часот треба да се одржи рочиштето за случајот „Поткуп“, во кој обвинет е лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев.

Заев, како градоначалник на Струмица, се товари дека побарал поткуп од 163.924 евра од струмички бизнисмен за легализација на државно земјиште.

Според адвокатот на одбраната, Филип Медарски, поткупот не е примен, а одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не било дејство за кое е надлежен градоначалникот, туку тоа е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи.

Претходното рочиште, кое требаше да се одржи на 25 јануари, беше откажно. Заев не се појави во судницата поради службени обврски.

Ова е втор случај што се води против лидерот на СДСМ. Тој вчера беше во скопскиот Кривичен суд како еден од обвинетите во случајот „Пуч“.

Ова рочиште беше одложено на барање на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, како надлежна за предметот, бидејќи, како што рече, судот не ги исполнил условите за одржување на главна расправа и одбива да ги достави копиите од списи и електронски докази што му се потребни на СЈО за да ги подготви воведните зборови.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...