fbpx
Таг: Зоран Заев

таг: Зоран Заев

Сите аболиции во независна Македонија: Иванов ги надмина Трајковски и Црвенковски

Тројца од вкупно четворицата претседатели на државата во историјата на самостојна Македонија ја искористија аболицијата како правен инструмент за ослободување лица од кривично гонење уште пред осомничените да седнат на обвинителна клупа во судот. Единствен што не го употребил овој институт е првиот претседател на државата, покојниот Киро Глигоров. Сите негови наследници во своите мандати аболираа лица осомничени за криминал, а последниот...

Заев: Ова е државен удар, Иванов итно да си поднесе оставка или да се отповика

Македонијо, лицето што на криминални избори го постави Никола Груевски на чело на државата направи државен удар. Уништувајќи ја земјата, се обидува да ги спаси од криминалот тие што ѝ направија зло на сопствената земја, на сопствениот народ. Тој стана директен соучесник во злосторничкото здружение, изјави денеска на прес-конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Тој сака парите од криминалната банда...

Министрите на СДСМ потпишуваат одлуки, а не кажуваат дали одат во кабинетите

Министрите и дополнителните заменици-министри на СДСМ во Владата ги потпишуваат решенијата и одлуките во рамките на секојдневните обврски, но ниту тие ниту од нивните кабинети не кажуваат дали по поднесувањето на оставките на функциите доаѓаат на работа. Од МВР за „Мета“ денеска не можеа да потврдат дали Спасовски доаѓа на работа и изјавија дека ќе мораат да проверат. Но, како...

Ахмети го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите на 5 јуни

Демократската унија за интеграција (ДУИ) ќе учествува на изборите на 5 јуни, оти не постои друга алтернатива, изјави лидерот на партијата, Али Ахмети, во интервју во емисијата „Патот кон“ на телевизијата „Алсат М“. - Избори на 5 јуни ќе има бидејќи не постои друга алтернатива - рече Ахмети. Тој го повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, да го промени својот став...

Заев до Могерини: СДСМ ќе предложи да не се повлекуваат членовите на ДИК

На Македонија ѝ се неопходни веродостојни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во телефонскиот разговор што денеска го имал со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини. Во разговорот, Заев го повторил ставот на СДСМ дека „рамката дефинирана со Договорот од Пржино е единственото реално решение...

Могерини: Партиите во следните клучни недели да го спроведат Договорот од Пржино

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори. „По последните случувања во Македонија, особено во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следуваше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и со делегацијата на ЕУ во Скопје,...

Груевски го повика Заев да се премисли и да учествува на изборите на 5 јуни

„Доста беше! Оваа криза мора да заврши. Зад оваа криза стои немоќ, страв, деструкција, изгубена опозиција во својата безидејност. Тоа мора да запре“, изјави на денешната прес-конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Тој ја повика опозицијата да учествува на избори и изрази надеж дека претседателот на СДСМ, Зоран Заев, ќе ја промени одлуката. - Ова не е битка помеѓу мене и него....

Заев повика на формирање широк фронт и платформа за слободна Македонија

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска повика на широк граѓански фронт за слободна Македонија, а против Никола Груевски. Тој повика во платформата за слободна Македонија да се приклучат коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите и други. - Заедно со граѓаните да ја вратиме демократијата и да ја донесеме слободата, бидејќи тоа сега не е прашање на...

Заев: СДСМ нема да учествува на уште едни криминални избори

СДСМ нема да учествува на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни. Оваа одлука ја соопшти лидерот на партијата, Зоран Заев, неколку минути откако спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го распушти Собранието. - Македонијо, без слободни избори нема слобода. Со месеци заедно се бориме за слободни избори и за принципот еден човек еден глас. Договорот од Пржино беше...

Заев ќе одржи прес-конференција во 23 часот

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 23 часот ќе се обрати во седиштето на партијата, најавија од СДСМ. Обраќањето на Заев беше најавено за 19 часот, но од партијата го откажаа неколку минути откако испратија покана до новинарите. Обраќањето на Заев се случува откако спикерот Трајко Вељаноски по барање на СДСМ не сакаше да закаже итна седница за констатирање на...

Јанкулоска на „Фејсбук“: Во обид да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси

Гордана Јанкулоска, поранешната министерка за внатрешни работи,  на „Фејсбук“ го сподели своето мислење за случајот „Тврдина“, кој денеска Специјалното јавно обвинителство го отвори против неа и службеници во МВР за уништување на опремата со која се вршело нелегалното прислушување. „Во обид повторно да одработи за Заев, СЈО се надмина себеси. Отвориле истрага за расходувани неупотребливи предмети и наводна штета од...

Заев: Очекуваме теренска проверка на 200.000 спорни гласачи

Во Македонија може да има само фер, регуларни и демократски избори, порача денеска од Велес лидерот на опозицијата, Зоран Заев. Заев рече дека фер, регуларни и демократски избори се можни само со целосно прочистување на избирачкиот список и со реформи во медиумите. Лидерот на опозицијата вели дека Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи некој да го опструира целиот процес на прочистување на списокот,...

Кај Јанева има точно 540.646 снимки од незаконски прислушувани разговори

Во извештајот што специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска го достави со Собранието, Советот на јавни обвинители и до медиумите, првпат прецизно е наведена бројката на снимки од незаконски прислушуваните разговори, од кои, според она што може да се види, мал дел објави опозицијата минатата година. Пописот на материјалите што лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги достави до СЈО на...

Заев: СДСМ ќе се приклучи на протестот пред Уставен суд

СДСМ ќе се приклучи на масовниот протест пред Уставниот суд организиран од граѓанските организации, најави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој рече дека срамните одлуки на партиските инсталации во Уставниот суд се обид да се амнестира изборниот криминал и изборната измама. - Хаосот во избирачкиот список го потврди она што го кажа и „Вистината за Македонија“. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ...

Зоран Заев од Охрид вети подобрување на положбата на жената

Ајде сите заедно да го проветриме заедничкиот дом што се вика Македонија и да си ја вратиме земјата на вистинскиот, европскиот пат. Ова денеска го истакна лидерот на опозицијата, Зоран Заев, во говорот пред жените учеснички на традиционалниот осмомартовски марш во Охрид, организиран од форумот на жени на СДСМ под мотото: „Ти си таа промена - Заедно за Македонија!“. - Промените се почнати....

Форумот на жени на СДСМ ќе организира традиционален марш по повод 8 Март

Форумот на жени на СДСМ денеска во Охрид ќе организира традиционален марш под мотото „Ти си таа промена - Заедно за Македонија!“, по повод меѓународниот Ден на жената, 8 Mарт. Маршот ќе почнe во 12 часот, од спортскиот центар „Билјанини извори“, ќе продолжи по булеварот Туристичка, низ чаршијата и ќе заврши на плоштадот во близина на пристаништето во Охрид. По завршување на...

Заев на средба со Хојт Ји, се разговарало за Договорот од Пржино и за фер и демократски избори

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Брајан Хојт Ји, заменик на помошникот на државниот секретар на американскиот Стејт Департмент задолжен за европски и за евроазиски прашања. Како што соопштија од СДСМ, на средбата се зборувало за актуелната политичка состојба во Македонија, за имплементацијата на Договорот од Пржино и за обезбедување услови за слободни, фер и демократски избори. Заев...

Груевски: Не сум во тек, не сум запознаен со заплената на компјутерите во Струмица

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, денеска во Штип рече дека не знае ништо за истрагата за изборни измами против лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Прашан за коментар за двата компјутери што Одделот за организиран криминал и корупција ги запленил од Општина Струмица, рече дека нема никакви информации. - Не сум во тек со тоа, еве сега пред да ја дадам изјавата, моите...

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред секои избори играат на националистичката карта

Двете владејачки партии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ н.з.), како и претходно, така и сега ги заземаат своите националистички позиции, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање. Заев упати апел до сите граѓани во земјава, без разлика на верската, етничката и на политичката припадност, да не потклекнуваат на провокациите. - Ова личи само на провокација. Ги повикувам граѓаните...

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев тврди дека бил наместен

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во кое е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно се одложи бидејќи во судницата не дојдоа двајцата адвокати на одбраната. Како што рече судијката Дијана Груевска-Илиевска, адвокатот Филип Медарски го известил судот дека деновиве е на службен пат во Браселона, за што доставил копија од авионски билет, додека другиот адвокат, Ване Андреев, денеска морал...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...