fbpx

Заев: Очекуваме теренска проверка на 200.000 спорни гласачи

-

Во Македонија може да има само фер, регуларни и демократски избори, порача денеска од Велес лидерот на опозицијата, Зоран Заев.

Заев рече дека фер, регуларни и демократски избори се можни само со целосно прочистување на избирачкиот список и со реформи во медиумите.

Лидерот на опозицијата вели дека Социјалдемократскиот сојуз нема да дозволи некој да го опструира целиот процес на прочистување на списокот, во кој следува теренската проверка.

„Еве, ќе ја споделам информацијата што ја имаме од нашите двајца претставници во ДИК. Од 495.000 сомнителни или спорни гласачи, 123.000 се без валиден документ и тие не се составен дел на 1.811.000 гласачи што ги има во избирачкиот список. Значи, 372.000 остануваат спорни и сомнителни. Од нив, наши граѓани што имаат право на глас и гласаат во странство, се некаде околу 78.000. Граѓаните треба да знаат дека во земјава повеќе од 200.000 гласачи мора да бидат теренски проверени. Еден огромен дел од нив нема да се бришат, тие остануваат во вториот дел поради тоа што тоа се наши граѓани со право на глас, а живеат во странство. Тие ќе бидат одделени во вториот дел од списокот. Првиот дел од списокот е тој што треба да ја потврди нашата претпоставка за постоење на т.н. фантомски гласачи. Само гласачите што не постојат и се измислени ќе се бришат од избирачкиот список. Но, за овие повеќе од 200.000 спорни гласачи, очекуваме да има теренска проверка“, рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...