fbpx

Заев: СДСМ нема да учествува на уште едни криминални избори

-

СДСМ нема да учествува на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни. Оваа одлука ја соопшти лидерот на партијата, Зоран Заев, неколку минути откако спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го распушти Собранието.

– Македонијо, без слободни избори нема слобода. Со месеци заедно се бориме за слободни избори и за принципот еден човек еден глас. Договорот од Пржино беше потпишан за да се обезбеди тоа. Никола Груевски постојано го уриваше Договорот од Пржино. Избирачкиот список не се прочисти, медумите не се реформирани. За нас зборот е збор. Не се откажуваме од принципите. Во име на тој збор и на тие принципи, СДСМ нема да учествува на овие избори. Во изминатите месеци граѓаните на Македонија видоа и слушнаа дека ВМРО-ДПМНЕ не го почитува Договорот од Пржино за да го заштитат својот криминал. За да останат на власт продоложуваат со криминалот и со корупцијата и не избираат средства – изјави Заев.

Лидерот на СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ го прекршува Договорот од Пржино и дека ги затвoраат устите на сите што мислат поинаку и ушите на сите за да не се дознае вистината.

– Нема да дозволиме да згасне последниот пламен на слободата и на демократијата во Македонија. Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на политичка, верска и етничка припадност да ја зачуваме демократијата заради иднината на Македонија. Вистинската власт се граѓаните. Му порачувам на Никола Груевски дека нема да го згасне светлото на слободата и на демократијата. Или Груевски или Македонија – рече Заев.

Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека власта ги држи во заложништво министрите на СДСМ.

– Нашите министри и дополнителни заменици министри денеска навреме си поднесоа оставки, но некој се дрзна да ги држи во заложништво. Ќе направиме сè за нашите луѓе да не бидат дел од владата која планира да спроведе криминални избори. Исто така, утре ќе имаме состанок со нашите членови од ДИК и ќе донесеме одлука дали и тие ќе се повлечат од комисијата. Една од поизвесните одлуки е дека и тие ќе бидат повлечени – рече Заев.

Тој додаде дека цел ден се консултирале со меѓународната заедница за овој потег. Тој вели дека консултациите оделе во таа насока за можноста за спроведување на регуларни избори.

Одговарајќи на новинарско прашање, дали Договорот од Пржино е мртов, лидерот на опозицијата рече дека не може да каже дека е мртов, но може да констатира дека Собранието се распуштило без обезбедени минимум услови за фер и демократски избори.

На прашањето, што планираат понатаму и дали ќе продолжат со објавување на „бомбите“, Заев рече дека со сите средства, во согласност со Уставот и со законите, ќе се борат за враќање на демократијата во државата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...