fbpx

Заев до Могерини: СДСМ ќе предложи да не се повлекуваат членовите на ДИК

-

На Македонија ѝ се неопходни веродостојни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во телефонскиот разговор што денеска го имал со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини.

Во разговорот, Заев го повторил ставот на СДСМ дека „рамката дефинирана со Договорот од Пржино е единственото реално решение на тешката криза со која е соочена земјава“.

„Воедно, претседателот Заев ја информираше Могерини дека опозицијата досега не ги повлече своите членови на ДИК за да го обезбеди своето присуство и контрола на процесот и за да спречи можни манипулации и злоупотреби“, пишува во соопштението на СДСМ.

За членовите на Државната изборна комисија од опозицијата ќе се дебатира на утрешниот состанок со коалициските партнери.

СДСМ ќе предложи тие да не се повлекуваат и да продолжат да учестуваат во работата на Комисијата „за да се спречат евентуални манипулации со избирачкиот список“.

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, денеска ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори.

„По последните случувања во Македонија, особено во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следуваше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и со делегацијата на ЕУ во Скопје, се согласивме дека е потребно сите политички партии да продолжат да работат заедно за да обезбедат веродостојни избори, што е во интерес на државата и на нејзините граѓани – изјави Могерини.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повика на широк граѓански фронт за слободна Македонија, а против Никола Груевски. Тој повика во платформата за слободна Македонија да се приклучат коалициските партнери на СДСМ, политичките партии, невладините организации, здруженијата, синдикатите и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Се враќаат старите и пониски цени на полисите за автомобилско осигурување

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност во рамки на Министерството за финансии на денешната седница донесе одлука за враќање на цената на осигурувањето од автоодговорност на нивото од пред...