недела, 19 април, 2026
Meta.mk

Ознака: телефонски разговор | 41 резултати

Заев и Борисов согласни да не се одлага решавањето на спорот меѓу двете земји

март 22, 2021

Бугарскиот премиер и претседател на ГЕРБ, Бојко Борисов утрово му телефонирал на својот македонски колега Зоран Заев за да му го честита реизборот за претседател на СДСМ. Во телефонскиот разговор, како што обајцата велат во постови на социјалните мрежи, се согласиле дека не треба да се одлагаат решенијата што двете држави треба да ги преземат […]

Македонија и Бугарија во следниот период ќе го интензивираат политичкиот дијалог на повеќе нивоа

септември 4, 2020

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи остварил телефонски разговор со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, информираат од МНР. „Двајцата министри се согласија за потребата од интензивирање на политичкиот дијалог на повеќе нивоа во претстојниот период. Османи ја потенцираше важноста која Северна Македонија ја придава на продлабочување на пријателските односи со соседна […]

Вистиномер: Нема ништо „пранкерско“(шегобијно) во индициите дека Москва се меша во изборите

јули 9, 2020

Објавувањето на старо аудио за разговор на „Грета Тунберг“ и Зоран Заев во овој момент, нема никаква допирна точка со наводната шегобијност, туку со директно инволвирање во изборите во РСМ од страна на „пријателите на Кремљ“, пишува „Вистиномер“. Има една голема разлика помеѓу објавувањето на нелегално прислушкуваните разговори за функционери на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ […]

Заев на телефон со Столтенберг: Остануваме посветени на членството на Македонија во НАТО

октомври 21, 2019

Премиерот Зоран Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во телефонски разговор разменија мислења за одлуката на ЕУ да го одложи стартот за преговори на нашата земја за членство во унијата, информираат од владината прес-служба. Заев му го пренел на Столтенберг расположението на граѓаните на земјата од, како што се наведува во соопштението, историската […]

Телефонски разговор Заев – Ципрас: Договорот од Преспа е приоритет

октомври 18, 2018

Премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас имале телефонски разговор по оставката на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас. Портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос вели дека и двајцата премиери се согласиле и повториле дека работат на имплементација на Договорот од Преспа. – Премиерот контактира многу редовно […]

Заев телефонски ја информирал Меркел за подготовките за референдумот

август 23, 2018

Во телефонски разговор вчера попладнето, премиерот Зоран Заев зборувал со канцеларката на Германија, Ангела Меркел за напорите за европски и атлантски перспективи на Македонија и за подготовките за референдумот, соопшти македонската влада. Притоа, како што се вели во соопштението, Меркел ја истакнала поддршкта од Германија за Договорот на Македонија и Грција. „Германската канцеларка, Меркел, даде […]

Грчката влада објави промотивно видео со исечоци од телефонски разговори Заев – Ципрас

јули 13, 2018

Грчката влада на својот официјален „Јутјуб“ канал објави промотивно видео за потпишувањето на Договорот помеѓу Македонија и Грција во Преспа на 17 јуни. Во видеото освен сцени од потпишувањето на Договорот во Преспа, има делови во кои се гледа како грчкиот премиер Алексис Ципрас телефонски се договара со македонскиот премиер Зоран Заев на англиски јазик. […]

Пенс до Заев: Честитки за договорот со Грција – се отвораат вратите за ЕУ и за НАТО

јули 6, 2018

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, во телефонски разговор со македонскиот премиер Зоран Заев, вчера го честитал постигнувањето на Договорот на Македонија со Грција за решавање на спорот за името и им честитал на Заев и на неговиот грчки колега Алексис Ципрас за покажаното лидерство, соопшти македонската влада. „Според потпретседателот Пенс, договорот покажува јасен сигнал дека […]

Заев: Се надевам на договор, денеска ќе имаме уште еден суштествен разговор

јуни 12, 2018

Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува со денешниот телефонски разговор со неговиот грчки колега, Алексис Ципрас да бидат заокружени сите аспекти и да биде постигнат договор за долгогодишниот спор за името. – Вчера имавме навистина квалитетно унапредување на разговорите. Се надевам дека денеска ќе можеме нешто убаво да и соопштиме на јавноста. Реков дека сум […]

Заев и Ципрас телефонски разговарале еден час, утре повторно ќе се слушнат

јуни 11, 2018

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска го имале телефонскиот разговор што го најавија пред 10 дена како своевидна завршница на договорот за името. Како што информираат од Владата, Заев и Ципрас се слушнале во 14 и 15 минути по македонско време и разговарале околу еден час. „За време на разговорот […]

Заев се надева на решение на спорот со името пред Самитот на ЕУ

јуни 11, 2018

Премиерот Зоран Заев изрази надеж дека многу брзо ќе биде постигнато решение за спорот за името меѓу Македонија и Грција и оти тоа би можело да се случи пред Самитот на ЕУ закажан за 28 и 29 јуни. Тој денеска во Арачиново, каде што беше означен почетокот на проектот за изградба на нова општинска зграда, […]

Коѕиас потврди дека Заев и Ципрас ќе имаат телефонски разговор денеска

јуни 11, 2018

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас по заминувањето од премиерскиот кабинет кусо потврди дека премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев денеска ќе се слушнат на телефон. Коѕиас не сакаше да даде изјава за медиуми, но на новинарско прашање дали Ципрас и Заев ќе разговараат денеска, кусо рече: „Ќе го направат тоа“. Но, не одговори […]

Владата без прецизен одговор за најавениот разговор помеѓу Заев и Ципрас

јуни 6, 2018

Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски денеска на прес-конференција во Владата не прецизираше до каде се преговорите и дали е можна средба или телефонски разговор на премиерите на Грција и Македонија до крајот на неделава. Бошњаковски не сакаше да даде ниту коментар на „Фејсбук“ статусот на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ кој напиша дека во четврток или […]

Ангела Меркел телефонски разговарала со Заев и со Ципрас

мај 22, 2018

Германската канцеларка вчера телефонски разговарала со македонскиот и со грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, потврдиле за „Дојче Веле“ од прес-службата на германската канцеларка. Од Берлин доаѓа само потврда дека канцеларката Ангела Меркел телефонски разговарала и со македонскиот и со грчкиот премиер. Темите и други детали не се соопштуваат, но разговорите се реализираат само […]

Ципрас и Меркел телефонски разговарале за прашањето за името

февруари 20, 2018

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас и германската канцеларка Ангела Меркел имале телефонски разговор, во кој една од темите било и прашањето за името, соопштиле од кабинетот на Ципрас, пренесува Македонската информативна агенција (МИА). Инаку, телефонскиот разговор меѓу Ципрас и Меркел доаѓа еден ден пред официјалната посета на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин, во рамките на […]

Трамп и Путин телефонски разговарале за судирот помеѓу Израел и Палестина

февруари 12, 2018

Претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина. – Само што разговарав со претседателот на САД, господинот Трамп. Секако, зборувавме за решавање на судирот помеѓу Израел и Палестина – изјави Путин пред средбата со палестинскиот претседател Махмуд Абас, кој е во […]

Заев – Борисов: Договорот гарантира долгорочни пријателски односи

јануари 16, 2018

Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, кој вчера беше ратификуван во македонското Собрание, гарантира долгорочни пријателски односи меѓу Бугарија и Македонија, заеднички оцениле премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов во телефонски разговор што го имале по повод ратификацијата на Договорот. „Во телефонскиот разговор Борисов и Заев беа едногласни дека Договорот гарантира одржливо […]

Вашингтон и Сеул телефонски разговараа за нуклеарниот тест на Северна Кореја

септември 3, 2017

Претседателскиот кабинет на Јужна Кореја соопшти дека највисоките власти на Сеул и на Вашингтон разговарале по шестиот нуклеарен тест што го изведе Северна Кореја. Кабинетот соопшти дека американскиот советник за национална безбедност, Херберт Рејмонд Мекмастер, и неговиот корејски колега, Чунг Уи-јонг, телефонски се слушнале и разговарале околу 20 минути. Денешниот нуклеарен тест на Северна Кореја […]

Српската опозиција во собранието бара итна седница по изјавите на Вучиќ

август 23, 2017

Пратеничкиот клуб на опозициската Демократската странка во српското собрание бара итни седници на комисиите за контрола на службите за безбедност и за одбрана и внатрешни работи, поради ситуацијата во односите меѓу Србија и Македонија. Од партијата велат дека е неопходно пратениците да бидат информирани за состојбата со односите со Македонија, за деталите и сознанијата на […]

Заев и Вучиќ во „долг и отворен“ разговор се договориле за дијалог и соработка

август 23, 2017

Премиерот Зоран Заев и претседателот на Србија, Александар Вучиќ разговарале „долго и отворено“, за време на денешниот телефонски разговор, во кој ги разгледале сите „новононастанати околности“ во односите меѓу двете земји, Во заедничкото соопштение по разговорот, се наведува дека Заев и Вучиќ постигнале согласност околу пет точки. Тие се договориле дека Македонија и Србија исклучиво […]

Страна 1 од 2