fbpx

Претседателот Пендаровски имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

-

По повод годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, претседателот Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ.

Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења за улогата на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, за регионалната стабилност и за надворешно-политичките приоритети на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски изразил благодарност за поддршката што земјата ја добива од НАТО Канцеларијата за безбедност во процесот на сертификација на официјалните лица во државата за коишто се побарува НАТО безбедносен сертификат. Двајцата соговорници се согласиле дека тоа е исклучително важен процес и дека истиот треба да продолжи во сите неопходни сегменти, витални како за безбедноста на Република Северна Македонија, така и за безбедноста на Алијансата.

Истовремено, претседателот Пендаровски се заблагодарил за досегашната помош во справувањето со последиците од пандемијата на ковид-19, посочувајќи дека солидарноста и поддршката на сојузничките земји е неопходна за надминување на новите реални предизвици со кои се соочуваат Европа и светот, се дознава од соопштението за јавноста на кабинетот на шефот на државата.

Во телефонскиот разговор, претседателот Пендаровски ја реафирмирал подготвеноста и посветеноста на Република Северна Македонија во промовирање на мирот и стабилноста, истакнувајќи дека земјава и во иднина активно ќе придонесува во меѓународните мировни мисии предводени од НАТО во регионот и пошироко. Северна Македонија, нагласил претседателот Пендаровски, останува целосно посветена на реформите во одбраната и во безбедноста согласно стандардите на НАТО.

Двајцата соговорници разговарале и за документот НАТО 2030, кој треба да ја одреди иднината на НАТО Алијансата, во која од март минатата година и ние сме полноправна членка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...