петок, 6 март, 2026
Meta.mk

Ознака: претседател на РМ | 22 резултати

Советот за безбедност утре ќе одржи седница, ќе се разговара за ковид-19 пандемијата

29 март 2021

Утре, 30 март 2021 година, вторник, со почеток во 14:00 часот во Кабинетот на Претседателот ќе се одржи 12-та седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, информираат од претседателскиот кабинет. Покрај членовите на Советот за безбедност, на покана на претседателот Стево Пендаровски на седницата ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. „На седницата […]

Претседателот Пендаровски имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Столтенберг

26 март 2021

По повод годишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО, претседателот Стево Пендаровски денеска имал телефонски разговор со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, информираат од Кабинетот на Претседателот на РСМ. Во разговорот двајцата соговорници размениле мислења за улогата на Алијансата и справувањето со идните безбедносни предизвици, за регионалната стабилност и за надворешно-политичките приоритети […]

Денеска се одбележува 17-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски

26 февруари 2021

Претседателот на РСМ, Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 17-годишнината од загинувањето на Трајковски во Ротимље, во близина на Мостар, Босна и Херцеговина, информираат од претседателскиот кабинет. Претседателот Пендаровски положи свежо цвеќе и на вечните […]

Одбележани 9 години од смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров

1 јануари 2021

Државниот врв денеска ја одбележа 9-годишнината од смртта на поранешниот претседател Киро Глигоров. Делегација на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија денеска положи цвеќе на гробот на поранешниот претседател Киро Глигоров, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје, информираат од претседателскиот кабинет. Делегацијата која му оддаде почит на поранешниот претседател беше […]

Објавен јавен повик за програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“

10 ноември 2020

Под покровителство на Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, а во соработка со Советот на странски инвеститори при Стопанската комора на Македонија во претстојниот период ќе се реализира програмата „Млади менаџери и бизнис-лидери“. „Програмата предвидува 15 млади и амбициозни луѓе од Северна Македонија, преку низа на значајни обуки спроведени во неколку компании-членки на Советот […]

Шилегов го повика Пендаровски заедно да го уредат целиот покрив на ГТЦ во културен простор

25 септември 2020

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов на вчерашното затворање на фестивалот „Синедејс“, што се одржа на зелениот покрив на Градскиот трговски центар-ГТЦ, го повика претседателот Стево Пендаровски заедно да го уредат покривот на овој култен објект во Скопје. – Фестивалот CINEDAYS не само што успешно ја пребродува короната, туку тоа го прави и на најдобриот можен начин, […]

Со мерки за заштита од ковид-19, земјава денеска го чествуваше Илинден

2 август 2020

Без масовни собири и без културно-уметнички програми, под заштитни маски и со кратки церемонии Македонија денеска го чествуваше празникот Илинден. Пандемијата на ковид-19 влијаеше на намалување на масовноста на организираните настани и на примена на мерките за заштита од вирусот при прославувањето на двата Илиндена. Годинава, Денот на Републиката 2 – Август, Илинден, кој се […]

Пендаровски: Не е битно кој ќе победи, очекувам учесниците да си подадат рака

15 јули 2020

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, на предвремените избори за пратеници во Собранието гласаше на избирачкото место 2489. „Според достапните информации од првата половина од изборниот ден, гледам дека сè се одвива во рамките на законските прописи и во една демократска и мирна, толерантна атмосфера. Она што е значајно и е специфика за овие избори, а според […]

Претседателот Стево Пендаровски прогласи нова вонредна состојба од 8 дена

16 јуни 2020

По поднесениот предлог од страна на Владата, Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер донесе нова одлука за вонредна состојба на територијата на целата држава. Одлуката е донесена врз основа на член 125 и член 126 од Уставот на Република Северна Македонија, а е во времетраење од осум дена, почнувајќи од 15 јуни 2020 година, информираат од претседателскиот […]

Вонредната состојба завршува во сабота, партиите немаат усогласен став за одржување избори

10 јуни 2020

Македонија веќе 5 месеци, односно од 3 јануари, работи со техничка влада, а 4 месеци без Собрание и речиси три месеци под услови на вонредна состојба. Вонредната состојба, четврта по ред, ја прогласи претседателот на државата Стево Пендаровски на 30 мај, додека од Владата велат дека засега оценуваат дека нема потреба за продолжување на вонредната […]

Вработен во обезбедувањето на претседателот Пендаровски позитивен на Ковид-19

18 мај 2020

Вработен во обезбедувањето на Претседателот Стево Пендаровски вчера бил тестиран позитивен на корона вирусот, информираат од претседателскиот Кабинет. „Во попладневните часови во неделата, на 17 мај, извршено е тестирање за Ковид-19 на едно лице од тимот на обезбедувањето на претседателот Стево Пендаровски, вработен во Министерството за внатрешни работи, при што е утврден позитивен резултат“, се […]

Советот за безбедност утре ќе расправа за продолжување на вонредната состојба

14 мај 2020

Советот за безбедност утре повторно ќе одржи седница кај Претседателот во „Вилата Водно“. Покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести. Очекувањата се на утрешната седница да се расправа за барањето на владата за ново продолжување на вонредната состојба во земјава. – […]

Лидерите на партиите не договорија датум за избори, следната недела ќе се обидат на повторна средба

12 мај 2020

Лидерите на СДСМ Зоран Заев, на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на ДУИ Али Ахмети, на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на Алтернатива Африм Гаши, на Движење Беса Билал Касами, како и претставници на ДПА, денеска имаа средба кај претседателот Стево Пендаровски и дискутираа за одржување на предвремените парламентарни избори, но не се договорија за датум. Со […]

Втората вонредната состојба од Пендаровски за уставните судии не е спорна

12 мај 2020

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба, се наведува во соопштението на Уставниот суд. Станува збор за втората по ред вонредна состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски во април, а која што сè уште трае. Уставните судии со […]

Пендаровски, Димитров и Шекеринска на Минхенската безбедносна конференција

14 февруари 2020

Претседателот Стево Пендаровски, министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе земат учество на Минхенската безбедносна конференција. На една од најголемите глобални конференции од областа на безбедноста и одбраната годинава ќе учествуваат над 500 претседатели, премиери, министри, претставници на бизнис и невладиниот сектор, како и академици. Настанот ќе се одржи […]

Пендаровски очекува поддршка од еврокомесарот Вархеји за проширување на ЕУ кон Западен Балкан

15 јануари 2020

Македонскиот претседател Стево Пендаровски очекува цврста поддршка за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан од страна на новиот Комесар за соседска политика и преговори за проширување, Оливер Вархеји. Претседателот Пендаровски денеска се сретнал со еврокомесарот Вархеји и му го честитал именувањето на новата функција, информираат од претседателскиот кабинет. Двајцата соговорници размениле мислења и […]

Заев до амбасадорите од ЕУ: Ќе соработуваме со опозицијата, со претседателот и со НВО

9 јуни 2017

Премиерот Зоран Заев придружуван од вицепремиерите Бујар Османи и Радмила Шекеринска денеска во Владата се сретнале со амбасадорите на земјите-членки на Европската унија, при што нагласил дека заради подобрата иднина на земјата и на сите граѓани, власта ќе соработува со опозицијата, со претседателот на државата и со граѓанскиот сектор. Средбата се одржува три дена пред […]

Иванов ги откажал другите обврски и ги чека лидерите на средба и во наредните денови

28 април 2017

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, останува на ставот дека е неопходно да се одржи средба на лидерите на парламентарните партии, како најодговорни за наоѓање решенија во согласност со Уставот и со законите на Република Македонија, соопштија од кабинетот на претседателот. Во наредните денови, како што се наведува во соопштението, кабинетот на претседателот на Република […]

Страна 1 од 1