вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: телефонски разговор | 41 резултати

Путин, Порошенко, Макрон и Меркел телефонски разговарале за Украина

јули 24, 2017

Лидерите на Русија, Украина, Франција и на Германија разговарале телефонски околу решение за конфликтот на истокот на Украина. Владимир Путин, Петро Порошенко, Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел прво го слушнале извештајот на претставникот на набљудувачката мисија на Организацијата за европска безбедност и соработка во Украина за почитување на прекинот на оган. „Лидерите потоа […]

Пенс освен со Заев, разговарал и со грчкиот премиер Ципрас

јули 11, 2017

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, вчера по телефонскиот разговор со премиерот на Македонија, Зоран Заев, телефонски се слушнал и со премиерот на Грција, Алексис Ципрас, соопшти Белата куќа. Пенс и Ципрас во телефонскиот разговор ги реафирмирале долготрајните врски помеѓу Грција и САД. „Потпретседателот му честиташе на грчкиот премиер за напредокот кон закрепнување од економската криза […]

Пенс во разговорот со Заев ги поздравил процесите на новата влада за демократија

јули 11, 2017

Премиерот Зоран Заев синоќа телефонски разговарал со потпретседателот на САД, Мајк Пенс, кој, како што соопштуваат од владиниот кабинет, ги поздравил процесите што Владата ги почнала за демократија, слобода и за правда во Македонија. „Потпретседателот Пенс ги оцени чекорите на новата влада на полето на добрососедските односи како меѓународни успеси. Потпретседателот Пенс изрази поддршка на планот […]

Заев и Ципрас разговарале за билатералните односи, името и за интеграциите на Македонија

јуни 7, 2017

Билатералните односи, спротот за името и евроатлантските интеграции на Македонија биле теми на телефонскиот разговор на македонскиот премиер, Зоран Заев, и премиерот на Грција, Алексис Ципрас. Како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Ципрас му честитал на Заев за стапувањето на функцијата. Двајцата премиери разговарале за развојот на настаните во регионот, понатамошниот развој на односите помеѓу […]

Коѕиас телефонски разговарал со Заев

мај 5, 2017

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, вчера телефонски разговарал со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Веста за телефонската комуникација меѓу Коѕиас и Заев ја соопшти грчкото Министерство за надворешни работи. Според проценките во грчките медиуми, се работи за симболичен политички гест од грчка страна. Телевизијата „Скај“ коментира дека ова е политички гест кој ја покажува стратешката […]

Путин и Трамп ќе имаат телефонски разговор денеска попладне

мај 2, 2017

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврдил дека рускиот претседател Владимир Путин за денеска попладне планира телефонски да разговара со својот американски колега, Доналд Трамп, јавуваат светските агенции. „Го потврдуваме разговорот“, рекол Песков за порталот „Спутник“, откако Белата куќа го објави денешниот дневен распоред, кој почнува со разговор на Трамп со Путин, во 14.20 часот по […]

Путин и Трамп в сабота ќе разговараат, соопшти Кремљ

јануари 27, 2017

Претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, в сабота телефонски ќе разговараат, соопшти Кремљ. Соопштението следи откако Трамп во интервју за „Фокс њуз“ рече дека наскоро планира да има телефонски разговор со Путин. Трамп рече дека не разговарал со Путин во периодот по инаугурацијата на 20 јануари, додавајќи дека рускиот претседател […]

Обама последен пат како претседател телефонски разговарал со Меркел

јануари 20, 2017

Последниот телефонски разговор како претседател, Барак Обама го имаше со германската канцеларка, Ангела Меркел. Својот последен работен ден во Белата куќа, претседателот во заминување, Барак Обама, го мина, меѓу другото, поздравувајќи се со своите соработници, но и со странските колеги, а последниот претседател со кој во телефонски разговор се поздравил била германската канцеларка Ангела Меркел. „Тој ѝ се […]

Трамп телефонски разговарал со претседателката на Тајван, остри реакции од Кина

декември 3, 2016

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја прекина децениската традиција така што директно телефонски разговарал со претседателката на Тајван, Цај Инг-вен, што предизвика остри реакции од Кина, пренесуваат светските агенции. Од Вашингтон соопштија дека Трамп и Цај Инг-вен во текот на разговорот ги истакнале „посебните врски меѓу Вашингтон и Тајпеј во областа на економијата, политиката и […]

Трамп го поканил Орбан да го посети Вашингтон

ноември 25, 2016

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, телефонски разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан, кого, меѓу другото, го поканил да го посети Вашингтон, јавуваат светските медиуми. Орбан, во интервју објавено на интернет-изданието на унгарскиот весник „Вилагаздашаг“, вчера изјавил дека Трамп му ставил до знаење дека многу ја цени Унгарија. Унгарскиот премиер изјавил дека му рекол на […]

Ципрас го критикуваше Рама за третманот на грчкото малцинство

ноември 22, 2016

Премиерите на Грција и на Албанија, Алексис Ципрас и Еди Рама, во телефонски разговор истакнале дека е важно за граѓаните на нивните земји, но и за регионот, владите на двете земји да имаат регионална соработка, се вели во соопштението од кабинетот на грчкиот премиер. Грчкиот премиер ја изразил својата континуирана посветеност на оваа цел, но […]

Вучиќ и Борисов разговарале за мигрантската криза и за регионалната безбедност

септември 9, 2016

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и неговиот српски колега, Александар Вучиќ, телефонски разговарале за мигрантската криза и за безбедноста во регионот, објави кабинетот на српскиот премиер. Тие ја нагласиле потребата од зголемување на билатерална комуникација и на соработката за подобрување на безбедноста и мирот на граѓаните на двете земји. Кабинетот на Вучиќ соопшти дека други теми […]

Обама и Путин договориле поголема координација во Сирија

април 19, 2016

Претседателите на Русија и на Соединетите Американски Држави (САД), Владимир Путин и Барак Обама, вчера телефонски разговарале за ситуацијата во Сирија и се договориле да ја зголемат координацијата меѓу специјалните сили и армиите на двете земји на терен, соопштил Кремљ, јавуваат светските агенции. За таа цел, како што било наведено во соопштението од Кремљ, ќе […]

Заев до Могерини: СДСМ ќе предложи да не се повлекуваат членовите на ДИК

април 7, 2016

На Македонија ѝ се неопходни веродостојни избори со прочистен избирачки список, медиумски реформи и без притисоци, истакнал лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во телефонскиот разговор што денеска го имал со високата претставничка за надворешни работи и безбедносна политика на Европска Унија, Федерика Могерини. Во разговорот, Заев го повторил ставот на СДСМ дека „рамката дефинирана со Договорот од […]

Софија: Борисов и Иванов договорија заеднички безбедносни операции на границата

март 17, 2016

Бугарскиот премиер, Бојко Борисов, и македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, во телефонски разговор договориле во наредните денови да бидат спроведени заеднички македонско-бугарски копнени и воздушни операции за заштита и за контрола на заедничката граница од илегални премини на мигрантите, стои во соопштение објавено на интернет-страницата на бугарската влада. Како што се појаснува во соопштението, Иванов и Борисов […]

Иванов побарал од своите колеги да ѝ кажат на Грција да не ни носи мигранти

март 17, 2016

Претседателот на државата, Ѓорге Иванов, вчера и денеска телефонски разговарал со повеќе претседатели и со премиери од земјите членки на Европската Унија и од земјите од балканскиот коридор за мигрантската криза и за инцидентот што се случи на 14 март, кога околу 1.500 мигранти од Грција илегално влегоа на македонската територија, кај гевгелиското село Моин. […]

Лавров и Кери: Треба да се заврши листата на терористичките групи

декември 14, 2015

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, и државниот секретар на САД, Џон Кери, се договориле дека е неопходно да се финализира листата на исламистички терористички групи. Во телефонскиот разговор пред посетата на Кери на Москва, тие се согласиле дека одлуките за Сирија треба да бидат спроведени и пред одржувањето на новиот состанок посветен […]

Страна 2 од 2