fbpx

Заев и Ципрас телефонски разговарале еден час, утре повторно ќе се слушнат

-

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска го имале телефонскиот разговор што го најавија пред 10 дена како своевидна завршница на договорот за името.

Како што информираат од Владата, Заев и Ципрас се слушнале во 14 и 15 минути по македонско време и разговарале околу еден час.

„За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор“, се вели во краткото соопштение.

Денешниот телефонски разговор Заев – Ципрас, попладнето го најави грчкиот шеф на дипломатијата Никос Коѕиас, по вонредната средба што ја имаше со грчкиот премиер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

(АНАЛИЗА) Јавен сектор: вработени по етнички клуч и според образование

Во четири министерства застапеноста на етничките Македонци изнесува 70 отсто од вкупниот број на вработени. Во седум ресори застапеноста на етничките Албанци е над 30 проценти, пишува Порталб.мк. Во...