fbpx

Могерини: Партиите во следните клучни недели да го спроведат Договорот од Пржино

-

Шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини, ги повика политичките партии во Македонија да создадат услови за веродостојни избори.

„По последните случувања во Македонија, особено во однос на подготовката за предвремените парламентарни избори во јуни, денеска попладне разговарав со лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Во разговорот, кој следуваше по неколкуте контакти со комесарот Јоханес Хан и со делегацијата на ЕУ во Скопје, се согласивме дека е потребно сите политички партии да продолжат да работат заедно за да обезбедат веродостојни избори, што е во интерес на државата и на нејзините граѓани – изјави Могерини.

Еврокомесарката за надворешна политика на Европската Унија ги повика политичките партии да го спроведат Договорот од Пржино.

– Спроведувањето на политичките договори, вклучувајќи ги и итните реформски приоритети, е од огромно значење. Заедно со САД, ги поддржавме сите партии и засегнати страни во овие напори и ќе продолжиме да го правиме тоа и во следните клучни недели. Ги повикуваме сите партии да останат целосно посветени на договорениот процес – изјави Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...