fbpx

Заев ќе одржи прес-конференција во 23 часот

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 23 часот ќе се обрати во седиштето на партијата, најавија од СДСМ.

Обраќањето на Заев беше најавено за 19 часот, но од партијата го откажаа неколку минути откако испратија покана до новинарите.

Обраќањето на Заев се случува откако спикерот Трајко Вељаноски по барање на СДСМ не сакаше да закаже итна седница за констатирање на оставките на техничките министри и на дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ кои попладнево поднесоа условени оставки.

Одлуката за распуштање на Собранието треба да стапи на сила вечерва на полноќ, по што спикерот Вељаноски би распишал предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат на 5 јуни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...