fbpx

Одложено рочиштето за „Поткуп“, Заев тврди дека бил наместен

-

Денешното рочиште за случајот „Поткуп“, во кое е обвинет лидерот на СДСМ, Зоран Заев, повторно се одложи бидејќи во судницата не дојдоа двајцата адвокати на одбраната. Како што рече судијката Дијана Груевска-Илиевска, адвокатот Филип Медарски го известил судот дека деновиве е на службен пат во Браселона, за што доставил копија од авионски билет, додека другиот адвокат, Ване Андреев, денеска морал неодложно да патува за Грција.

Заев, кој се појави на денешното рочиште, пред судот кажа дека до последен момент се надевал дека барем еден од адвокатите ќе дојде, поради што не побарал друга одбрана.

Во судницата беше присутен и сведокот Иван Николов, кој според обвинението, е оштетен во случајот.

Поради неисполнети законски услови за одржување на рочиштето, судијката го одложи и наредното го закажа за 21 април.

По завршувањето на рочиштето, Заев изјави дека станува збор за „класично местење“ и дека „никаде во светот нема поткуп без да има примање и давање пари“.

– Јас и претходно кажав дека станува збор за конструиран случај во кој сум следен и дека досега не успеавме да дојдеме до наредбите за спроведување на тие мерки – изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...