fbpx

Министрите на СДСМ потпишуваат одлуки, а не кажуваат дали одат во кабинетите

-

Министрите и дополнителните заменици-министри на СДСМ во Владата ги потпишуваат решенијата и одлуките во рамките на секојдневните обврски, но ниту тие ниту од нивните кабинети не кажуваат дали по поднесувањето на оставките на функциите доаѓаат на работа.

Од МВР за „Мета“ денеска не можеа да потврдат дали Спасовски доаѓа на работа и изјавија дека ќе мораат да проверат. Но, како што ни рекоа од секторот за односи со јавноста, тој ги потпишува решенијата и одлуките, како што тоа претходно го кажа Заев.

– Тоа е точно и може слободно да се повикате на таа (на Зоран Заев н.з.) изјава – ни одговорија од МВР.

Министерот Спасовски денеска, како што соопштија од МВР, бил да го посети полицаецот што вчера беше потешко повреден во инцидентот на јужната граница и е задржан на лекување во Ургентниот центар во Скопје.

Ниту дополнителниот заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, не сакаше експлицитно да одговори на прашањето дали оди на работа.

– Ние ги потпишуваме сите одлуки што се неопходни за функционирањето на граѓаните – изјави Николовски.

Одговор дали министерката за труд и социјална политика Фросина Ременски доаѓа на работа побаравме и од Жаклина Величковска, раководителка на секторот за односи со јавноста во Министерството. Најпрво ѝ се јавивме на телефон и ја прашавме дали министерката доаѓа на работа, а таа ни рече дека не можела да одговори и нè упати да ѝ пратиме мејл. Откако поминаа неколку часа по испратеното прашање, а ние немавме одговор, повторно ѝ се јавивме.

– Да, точно е, не ви одговорив на прашањето и нема да ви одговорам сè додека јас не го добијам одговорот. Немам друг коментар – ни рече Величковска.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во четвртокот минатата недела на прес-конрефенцијата на која соопшти дека се формира широк граѓански фронт против власта на Никола Груевски, изјави дека министрите на СДСМ се заробени и принудени да останат во институциите бидејќи не можат да ги игнорираат своите должности кон граѓаните.

– Треба да знае македонската јавност дека министерот Оливер Спасовски и министерката Фросина Ременски не можат да си дозволат непочитување на законот. Еве, доаѓа судењето за „Диво Насеље“, само Оливер Спасовски е овластен за специјалните единици, не може тој да не го потпише тоа. Од друга страна, 47.000 граѓани ја чекаат социјалната помош. Нема да дозволиме да патат граѓаните од ваквата еднострана одлука на Груевски и на ДУИ. Но, во сето она што е поврзано со изборниот процес, којшто веќе е некредибилен и е надвор од Договорот од Пржино, тие нема да учествуваат. Правиме правни напори како да ги извлечеме луѓето на опозицијата од Владата – рече Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...