fbpx

Заев: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ пред секои избори играат на националистичката карта

-

Двете владејачки партии (ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ н.з.), како и претходно, така и сега ги заземаат своите националистички позиции, изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во одговор на новинарско прашање.

Заев упати апел до сите граѓани во земјава, без разлика на верската, етничката и на политичката припадност, да не потклекнуваат на провокациите.

– Ова личи само на провокација. Ги повикувам граѓаните да не паѓаат на никакви провокации од кого било. Ги осудувам јавно поделбите по која било основа во Македонија и начините на кои се предизвикуваат. Поделби не ни се потребни. Апелирам до носителите на одлуките да не прават вакви чекори со кои се провоцираат граѓаните. Да не дозволиме да го изгубиме тоа на што сите заедно се радуваме, а тоа е дека само единствено и сплотено можеме да ја градиме иднината на нашата заедничка Македонија – рече Заев.

За денеска во 17 часот, поддржувачите на ДУИ закажаа мирен протест против изградбата на крстот во општина Бутел.

Во саботата минатата недела, по поставувањето на темелите за крстот, во ресторан беше претепан претседателот на Светскиот македонски конгрес (СМК), Тодор Петров, кој е донатор за поставувањето на 52-метарскиот крст.

Пред неколку недели, во Чаир беше поставен споменик со двоглав орел, а како што пренесоа дел од медиумите, се планира поставување 50-метарски јарбол со албанското знаме во Сарај.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...